Останато
Ангеловска на средба со бизнис-заедницата во Свети Николе: 6,7 милијарди денари во буџетот за поддршка на приватниот сектор

Приватниот сектор е и треба да биде двигател на економскиот раст во земјава. Затоа економските политики се во насока на поддршка на развој на конкурентноста на приватниот сектор, на поддршка на извозот, инвестиции во нови технологии и подобрување на адекватноста на работната сила на пазарот на труд. Во буџетот за 2020 предвидени се 6,7 милијарди денари за мерки за поддршка на приватниот сектор, беше посочено на средбата на министерката за финансии Нина Ангеловска со бизнис заедницата во општина Свети Николе, на која присуствуваше и градоначалникот на општината Сашо Велковски.
„Со стопанствениците зборувавме за нивните предизвици, идеи и предлози како сметаат дека може да се подобри нивното работење. Приватниот сектор е клучен за развој на економијата и тој треба да биде двигателот, ако сакаме да оствариме побрз економски раст. Во таа насока, ги посочив мерките кои стојат на располагање во Буџетот за 2020 година со издвоени 6,7 милијарди денари за поддршка на стопанството. Конкретно тука се вклучени мерките за поддршка на инвестициите, за замена на стара со нова технологија во износ од 3 милијарди денари. За субвенциите за раст на платите издвоени се 2,4 милијарди денари и ме радува што стопанствениците тука ја поддржуваат мерката, и дека дел ја користат и ги зголемиле платите на вработените. Клучен предизвик е и квалификуваната работна сила. Во буџетот се издвоени 1,3 милијарди денари за оперативниот план за реквалификација, односно вложување во кадрите за да бидат адекватни на пазарот на труд и за да се намалиме јаз помеѓу вештините и потребите на пазарот на труд” – рече Ангеловска.
Ангеловска посочи дека на состанокот станало и збор за олеснување на административните процедури, на што како што посочи Ангеловска Министерството за финансии работи во насока на подобрување на бизнис окружувањето и поедноставување на процедурите.
„На средбата имаше претставници и од земјоделската индустрија и од текстилната. Постои неискористен потенцијал и може да се зголеми извозот на овие компании преку имплементација на новите технологии. Во тој домен разговаравме за нови потенцијални проекти во сферата на земјоделието и текстилната индустрија, каде значително може да се додаде вредност, односно домашните компании да ги пласираат своите производи со додадена вредност директно на странските пазари” – рече Ангеловска.
Останато
Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), поддржан од Германија и ЕУ, во чии канцеларии беше потпишан меморандумот. (more…)
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот