Connect with us

Останато

Ангеловска на конференција на UNCITRAL: Жените и е-трговијата ќе одиграат клучна улога во закрепнувањето од COVID-19

Објавено

на

Владите треба да го дадат својот придонес за да го олеснат патот за жените во водењето бизнис, да креираат регулативи и платформи за поврзување кои ќе им помогнат, а со тоа и ќе дадат придонес во справувањето со COVID-19 кризата, бидејќи жените можат да одиграат клучна улога. Синергијата која можат жените да ја дадат задно со е-трговијата може значајно да придонесе во адаптирањето кон новото нормално и воедно креирање на додадена вредност. Ова го порача министерката за финансии Нина Ангеловска на една од дискусиите на 6-дневната конференција организирана од страна на Комисијата на Обединетите нации за меѓународна трговија и право – УНЦИТРАЛ насловен „Одговор на COVID-19 и опоравување“ (COVID-19 responce and recovery). 

Оваа конференција на високо ниво траеше 6 дена, на 6 теми поврзани со предизвиците од COVID-19, а во соработка со UN women. Ангеловска зема учество на темата “Родова еднаквост, трговија и КОВИД”, каде се дискутираше за неискоритсениот потенцијал на жените, нивната клучна улога во кризата, засегнатоста на оваа целна група од кризата, особено малите претпријатија управувани од жени. Во дискусијата учествуваа и претставници на Светска банка, на ОН жени, на министерства од други земји, додека за настанот имаше регистрирано над 800 слушатели.

„Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација и адаптација. Имаме историска можност за е-трговијата и за жените. Сите треба да го дадат својот придонес – Владите да се фокусираат преку регулативата да го олеснат патот за приватниот сектор и за жените, да овозможат амбиент за нови бизнис модели, нови начини на соработка, за платформи за е-продажба и раст на е-трговијата и отварање на можности за поголема конкурентност и освојување на нови пазари. Приватниот сектор треба да вложи напори во адаптација на новата нормала – нови практики на работење, адаптација на бизнис моделот, имплементирање нови технологии. Жените треба да ги охрабриме, да им го олесиме патот да го дадат својот придонес, да се вклучат во клучните процеси. Сега е поважно од било кога да го отклучиме неискористениот потенцијал на жените – тие ќе одиграат клучна улога во брзината на закрепнување на нашите економии” – посочи Ангеловска.

Таа го истакна значењето на платформите за е-трговија, како и на технологијата која понатаму ќе одигра голема улога во функционирањето во новата нормала. Рече дека македонската Влада преземала активности во оваа насока, како овозможување на фактура во електронски формат, електронски апликации кои претходно биле исклучиво во хартиена форма, како и дека преку мерките се огледа фокусот кон технологиите како што се ваучерите за ко-финансисрање на обуки за ИТ вештини, интрументите од Фондот за иновации за брза адаптација и целокупно преку начинот на имплементација на мерките.  Во однос на е-трговијата таа посочи дека значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции и дека само во март 2020 има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како за цела 2019 година.

Во насока на политиките за поддршка на жените во овие услови на криза, Ангеловска посочи дека во третиот сет антикризни мерки кои ги предвиде Владата, предвидена е третата линија бескаматни кредити во висина од 31 милион евра која треба да стане функционална наесен. Грант од 30% од кредитот ќе им биде доделен на фирми кои се водени или основани од жена, кои вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или кои ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во нивното работење.

Останато

Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15

Објавено

на

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поддршка за исплата на плати и за месеците октомври, ноември и декември

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно