Connect with us

Останато

Ангеловска: МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници

Објавено

на

„МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници”, гордо објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил, притоа додавајќи: „Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите”.

Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:

🛑 Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!

🛑 И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.

🛑 Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!

Со последните измени како одговор на Kовид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда

👉 Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 денари и секој месец 15 награди x 20.000 ден.

👉 Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.

„Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал. Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество.”, додаде Ангеловска.

Останато

Туристичките агенции во колапс, се придружуваат на протестот на угостителите

Објавено

на

Секторот туризам е еден од најпогодените сектори во периодот на пандемијата, за нашите државјани се затворени границите на речиси сите европските држави, а поради рестриктивните мерки на движење во другите држави, нема ниту странски туристи. Дополнително и капацитетите на објектите од овој сектор беа под извесни рестриктивни мерки не можејќи и да сакаат да ја извршуваат својата дејност. Големиот број на заболени граѓани, немањето вакцини, намалената платежна моќ на граѓаните го става туризмот и патувањето како последна точка на интерес. Приход во изминатите 13 месеци е со паднат од 85% до 100%, додека нашите трошоци се уште се акумулираат, потенцираат од Туристичко-угостителската комора. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Календар на даночна регулатива – нова алатка на МФ за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

Објавено

на

Министерството за финансии на својата веб-страна го објави Календарот на даночна регулатива – нова алатка за транспарентност и поголема предвидливост на бизнис климата во земјава, информираат од Министерството за финансии. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Агенцијата за поддршка на претприемништво објави јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија, кој ќе биде отворен до 29 април годинава. (more…)

Продолжи со читање




Популарно