Connect with us

Останато

Ангеловска: Мерката за финансиска поддршка за исплата на плати заштити 140.000 работни места

Објавено

на

Околу 140.000 работни места се задржани благодарение на мерката за финансиска поддршка на фирмите за исплата на платите, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска на гостувањето во емисијата „Само вистина“.

„Ова е навистина обемна мерка којашто има за цел да ги заштити работните места и да им помогне на компаниите ликвидносно да исплатат плати. За оваа мерка имавме оставено во Буџетот околу 100 милиони евра, токму со цел за да оставиме соодветен простор за дополнителни потреби согласно развојот и случувањата во економијата. Таа мерка беше креирана од вториот сет мерки, а сега ние се наоѓаме во фаза на постепено реотворање на економијата за што креиравме трет сет  мерки. Секој сет мерки се носеше за даден тајминг, согласно моменталните услови и случувања со кризата” – вели министерката Ангеловска.

Владата донесе уредба за продолжување на мерката и за месец јуни, односно наместо два месеца како што беше планирано претходно, мерката ќе може да се ползува од страна на работодавците и самостојните вршители на дејност три месеци.

Министерката информира дека за месец април на околу 20 илјади компании им се исплатени околу 30 милиони евра, додека во мај има нешто помалку барања, што говори дека дел од компаниите немале пад на приходите од 30 проценти за овој месец. За мај, заклучно со денеска, се исплатени 21 милион евра на околу 17.500 компании.

„Опоравувањето нема да се случи преку ноќ, меѓутоа мора да бидеме свесни дека стопанските комори и бизнис-заедницата треба што поскоро да се адаптираат на новосоздадената ситуација. Ќе се појават нови бизнис модели, ќе има компании коишто ќе се реструктурираат и затоа дел од мерките од третиот сет се всушност и за помош при прилагодувањето кон новите услови, за воведување нови технологии. Мерката што беше донесена неделава на Влада, за којашто е надлежно Министерството за економија, предвидува 20 милиони евра директна финансиска поддршка во стопанството за зголемување на конкурентноста, на индустријата… односно, и тие да се охрабрат во овој период да инвестираат и притоа да добијат значајна поддршка од Владата, буквално како партнер во процесот со тоа што кофинансира до 20 проценти од инвестицискиот проект” – вели министерката.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно