Connect with us

Платежни картички

Ангеловска: Корисниците на домашната платежна картичка веќе можат да пазарат со неа

Објавено

на

Околу 28 милиони евра се веќе префрлени на банките за домашната платежна картичка, а до средината на изминатата недела се издадени 60.000 картички за корисниците, во износ од околу 11 милиони евра, и истите се во функција. Со домашните платежни картички веќе се пазарат македонски производи, рече на гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“ на ТВ Алфа, министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Вкупниот износ од 28 милиони евра е легнат на сметките на банките.  Банките секојдневно интензивно ги издаваат домашните платежни картички на граѓаните. Заклучно до 23 јуни во оптек беа 60.000 картички и веќе се плаќа со нив во маркетите, во продавниците, во угостителските објекти. Значи, околу 11 милиони евра веќе беа на сметките на граѓаните до 23 јуни. Ние секојдневно ја следиме реализацијата на мерките, како се издаваат и дистрибуираат картичките до граѓаните, но ја следиме и ситуацијата за одредени приговори што ги имаат поднесено граѓаните, затоа што сметаат дека спаѓаат и ги исполнуваат критериумите, но не се нашле на листата” – рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека тим од Генералниот секретаријат и другите надлежни институции ги разгледуваат приговорите и посочи дека сите што дале приговор и ги исполнуваат условите, а не се на иницијалната листа, ќе добијат домашна платежна картичка.

Домашните платежни картички можат да се користат за купување домашни производи до 15 август. Продавниците се задолжени на посебни рафтови или со назнаки да ги посочат македонските производи во малопродажбата.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)

Продолжи со читање

Популарно