Connect with us

Останато

Ангеловска и Танасоски: Грант од Јужна Кореја од 700.000 евра за модерна дигитална Царинска управа

Објавено

на

Со грант средства од 700.000 евра од Владата на Јужна Кореја ќе се поддржи градењето на капацитетите на македонската Царинска управа, особено во делот  на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови, како и анализа на ризикот во е-трговијата. Денеска се одржа состанок за отпочнување на проектот на кој присуствуваа министерката за финансии, Нина Ангеловска, директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и делегација од Царинската управа на Јужна Кореја.

На средбата беше истакнато дека од особено значење е поддршката во доменот на е-трговијата, која во светски рамки бележи постојан раст и развој, особено сега во новите услови креирани од кризата предизвикана од коронавирусот. Таквиот пристап директно влијае врз растот на микро, малите и средни претпријатија, во однос на поширок пристап до странските пазари со намалување на влезните бариери и намалување на оперативните трошоци. Размената на искуството на Царинската управа на Јужна Кореја во овој домен, ќе придонесе за воспоставување баланс помеѓу олеснета и забрзана испорака на пратките, но во исто време и зголемена наплата на буџетските приходи од овој вид трговија.

Од страна на македонската делегација беше посочено дека воспоставувањето  дигитална царина е еден од  стратешките приоритети на Царинската управа. Пред една година е пуштен во употреба новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи, кој го замени стариот систем  – АСИКУДА, со што радикално се измени начинот на царинското работење. Овој софтвер е клучна алатка за развој на дигиталната царина и на бесхартиената околина и овозможи значително подобрување во пружањето услуги на учесниците во царинските постапки.

Царината на Јужна Кореја е широко позната по својот технолошки напредок и бројните награди на полето на електронските достигнувања.

Останато

Сојузот на стопански комори го издава меѓународниот сертификат „Safety Travel Stamp“

Објавено

на

Со цел гарантирање на безбедни услови за престој и користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за економија издава меѓународен сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp“ односно „Знак за безбеден туризам“.  Со овој меѓународно признат сертификат се потврдува дека објектите во целост ги  спроведуваат, почитуваат и практикуваат домашните и светските препораки за превенција и заштита од ширењето на вирусот Ковид 19 што создава сигурност кај домашните и кај странски гости. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Блокирани сметките на илјадници граѓани од страна на УЈП

Објавено

на

Управата за јавни приходи преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните доставила приближно 14.000 решенија за присилна наплата, најголем број од нив за сообраќајни прекршоци изречени од страна на Министерството за внатрешни работи за сторен сообраќаен прекршок, Министерството за транспорт и врски и други државни органи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Зошто се потребни инвестиции за развој сега и веднаш?

Објавено

на

Како што ќе се ублажуваат негативните ефекти од пандемијата и ќе се достигнува задоволителен степен на имунизација на населението, како главни теми во наредниот период ќе се наметнат економските решенија за брзо заздравување на македонската економија. Како едно такво решение е и реализацијата на мега-инвестицискиот Проект Иловица-Штука. (more…)

Продолжи со читање


Популарно