Connect with us

Останато

Ангеловска: Инвестиции во луѓе, технологии и ефикасна администрација за посилно темпо на економски раст

Објавено

на

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти.

Таа посочи дека, луѓето се оние кои се носители на продуктивноста, затоа е значајно да се инвестира во човечкиот капитал, но и во нови технологии кои ќе ја зголемат продуктивноста.

„Затоа буџетот за 2020 година е насочен кон инвестиции во човечкиот капитал, со над 60 отсто од расходната страна за здравството, образованието и социјалата како области. Она што можам да го истакнам во моментот со фискалната политика поддршката на приватниот сектор се спроведува со мерките кои ја стимулираат инвестициската активност на компаниите, нудат поддршка за зачувување на квалитетните кадри, но и делуваат на создавање на адекватни кадри на пазарот на труд. Така во годинешниот буџет за мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите обезбедени се 2,4 милијарди денари, за мерките за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор 3 милијарди денари и за активните мерки за вработување 1,4 милијарди денари. Преку мерките за поддршка на инвестициите се поттикнува и набавка на нова технологија преку поврат на дел од вложените средства, на тој начин поттикнувајќи ги фирмите да ја заменат. Во однос на замена на застарената технологија постојат исто така можности, преку мерките за поддршка на економски раст, со кои се враќа дел од инвестицијата на компаниите направена во нови технологии” – рече Ангеловска.

Ангеловска вели дека за да приватниот сектор биде двигател на растот, државата за да биде ветер во грб, потребна е и ефикасна администрација.

„Само со дигитализација верувам дека e можна департизација и ефикасна администрација. Дигитални процеси, кои ќе го отстранат пристрасниот човечки фактор во носење на одлуки, безхартиена околина, организирани и јасни правила – единствено тоа мислам е решението и за справување со корупција, за зголемена продуктивност и подобра околина за водење бизнис.” – вели Ангеловска.

Таа посочува дека растот за годинава е планиран на 3,8% и дека тоа е реална проекција во линија со Народната банка. Проекцијата се базира на очекувањата за раст  на бруто инвестициите од 8%, раст на приватната потрошувачка како резултат на раст на вработеноста и платите и на извозот.

„Предвидениот раст на економската активност се очекува да биде придружен со раст на вработеноста и намалување на невработеноста. Се очекува во 2020 година бројот на вработените да порасне за 2,1 процентни поени, додека стапката на невработеност да се намали на 16%. Растот на просечната нето-плата се очекува да изнесува 6,3% на номинална основа”– вели Ангеловска.

Останато

Во САД 6,6 милиони луѓе останале без работа – сигнал дека Америка тоне во рецесија

Објавено

на

Во САД, 6,6 милиони работници останале без работа поради пандемијата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Најбргу ги очекуваме поволните средства од ММФ, согласно потребите ќе се носат и нови мерки

Објавено

на

Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да стигнат во текот на месецов, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“ и дополни дека ќе се користат средства и од Светска банка, од Европската Унија, како и од обврзницата за премостување. Таа посочи дека овие средства ќе се користат повеќе месеци, согласно потребите за вбризгување средства во стопанството, а дека согласно потребите ќе се носат и нови мерки. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

Објавено

на

Во состојба на голема економска и трудова неизвесност, младата популација е онаа категорија која е доста погодена, и стапката на невработеност е највисока токму кај неа. Покрај невработеноста, моментално се наоѓаме и во време на пандемија, а тоа дополнително ги загрижува како младите така и сите компании. Ретки се компаниите кои не се погодени во овие моменти, и не трпат намалување во човечките ресурси. Исто така, не секоја компанија може да им понуди кариера на млади луѓе кои имаат скромно или никакво работно искуство. Lyconet (Лајконет) затоа, и во овие тешки околности, им нуди можност на сите генерации да започнат да развиваат професионални вештини и веднаш да градат работно искуство и кариера.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно