Connect with us

Останато

Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со последиците од кризата

Објавено

на

Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска.

„Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции,  да ги предвидат случувањата. Ова се должи на самиот карактер на кризата, затоа и нашите сценарија постојано се обновуваат, па така од секое сценарио имаме повеќе верзии. Главно, имаме три основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај првото сценарио – поволното, предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за околу 700 милиони евра, односно за толку би се зголемил дефицитот и потребите за финансирање”, рече Ангеловска на денешната прес-конфернција.

Кај второто сценарио – неповолното, потенцира, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра. И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра.

„Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал од 40 до 65 отсто во однос на претходната година, додека претпоставките за третиот и четвртиот квартал се разликуваат согласно кога би започнал периодот на економско заздравување и стабилизација. Важно е да сме подготвени и за најлошото сценарио, а секако да преземаме мерки и да повлекуваме соодветни чекори за да се случи најдоброто”, посочи Ангеловска.

Будното следење, агилноста и флексибилноста на владите, нагласи, се клучни за делување  и справување со овој здравствено-економски шок.

„За секое од трите сценарија подготовуваме и сценарија за финансирање. Непредвидливоста и ранливоста на пазарите на капитал носи голем предизвик и при креирање на овие сценарија. Во тек е постапка за обезбедување на средства од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и инструментот премостување до обврзница. Постапките се во тек и се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства”, потенцира Ангеловска.

Останато

Германски “ЛИДЛ” го отвора првиот супермаркет во Охрид, Македонија?

Објавено

на

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свој супермаркет и во Македонија, објави InStore. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Објавено

на

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“,  воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (одржан онлајн од 2 до 7 јуни). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Црна Гора има 62 милионери

Објавено

на

Во Црна Гора има 62-ца милионери, односно граѓани кои имаат над еден милион евра на своите банкарски сметки, објави Централната банка на Црна Гора (ЦБГ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно