Connect with us

Банки

Ангеловска: За одложено плаќање на кредитите ќе се аплицира електронски без анекси

Објавено

на

Одлагањето на исплата на ратите на кредитите ќе се врши електронски, лесно и едноставно без да се оди на шалтер! Уредбата ќе биде доставена до Влада на Република Северна Македонија за да биде усвоена на следната седница. Министерката за финансии Нина Ангеловска го објасни планот како граѓаните и компаниите ќе може без да потпишуваат анекси за подигнатите кредити да добијат од банките повеќе поволности за одложено плаќање. Се очекува дел од банките доколку сметаат дека е соодветно да понудат и рокови подолги од три месеци за одложено плаќање на ратите, како и дополнителни бенефиции.

„Тоа што се уредува во оваа уредба е начинот на одложување на ратите и долговите на граѓаните и фирмите, односно да истото може да се направи без да се оди на шалтер, без да се оди во банка, без да се потпишува анекс. Банките, пак ќе истакнам, ја чекаа одлуката за да ги одложат ратите, тука не се работи за нерасположение или дека ние ќе ги чекаме банките дали ќе сакаат да ги одложат кредитите. Се работеше за барање од банките, за донесување на одлуката, што значи дека тој услов е исполнет. Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести својот клиент преку маил за поповолните услови односно одлагањето на обврските и доколку физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе, односно не каже дека ја одбива понудата, ќе се смета дека поповолната понуда за репрограмирање, односно за одложување, се смета за прифатена. Што се однесува до приватниот сектор, односно до компаниите, истите ќе добијат понуда или известување за одложување на долговите, бидејќи тука се работи за можности кои што може да им бидат понудени на правните лица и тие ќе можат да одберат да ја информираат банката електронски преку е-маил, со која опција се сложуваат, за да и нивниот кредит биде репрограмиран, односно одложен или со подобра каматна стапка во наредниот период“ истакна министерката Ангеловска.

Според Ангеловска не станува збор за тоа дека се чекало банките да донесат одлука, бидејќи во разговорите тие покажале подготвеност на измените, и се чека да се финализира службената процедура со донесување на уредба на Влада со сила на закон, по што овие мерки ќе стапат на сила.

Домашни банки

ТТК Банка ја продолжи поволноста за бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 30.6.2020 година

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека ја продолжи поволноста за бесплатно користење и плаќање преку електронското E-bank и мобилното банкарство M-bank до 30.6.2020 година за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ново работно време на експозитурата Центар на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 01.06.2020 година Експозитурата Центар ќе работи од Понеделник-Петок 08-18 часот и Сабота 09-14 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Битола отсега на нова поатрактивна локација

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитурата Битола се премести на нова локација во поголеми и посовремени простории во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Популарно