Connect with us

Останато

Ангеловска: Заклучно 25-ти јули издадени се над 300.000 домашни платежни картички

Објавено

на

Да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како Домашна платежна картичка беше навистина голем предизвик напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Таа додаде дека заклучно со 25-ти јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички.

„Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори – 9.200 се прифатени, од кои – 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход.”, објави Ангеловска.

Министерката за финансии за домашната платежна картичка истакнува дека е прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање и се реализира во координација со голем број државни институции и банки што се вклучени во проектот.

„Исклучително краток период. Оптимално дизајнирање за да даде максимални ефекти со фокус на македонските производи и услуги. Покрај главната цел на мерката – да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, ја креиравме на оптимален начин да даде и други значајни ефекти на патот кон современо опшество”, додава Ангеловска.

Значајни ефекти од домашната платежна картичка:

  • Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата;
  • Кревање на свеста за домашното;
  • Зголемување на безготовинските плаќања кои се директно поврзани со неформалната економија;
  • Промена на навиките;
  • Подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите.

„Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само 2 недели”, заклучи за крај Ангеловска.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно