Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Ангеловска: Е-трговија има огромен потенцијал, ги охрабрувам компаниите да го искористат

Објавено

на

Менаџирањето на бизнис во е-трговија бара мултисекторска соработка, широки познавања од многу полиња и многу пасија. Огромен е потенцијалот на е-трговијата за мала земја како нашата. Отклучувањето на тој потенцијал бара партнерство и здружени сили на владиниот, невладиниот и реалниот сектор, академијата и провајдерите на неформално образование како и граѓаните, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на отворањето на втората годишна Конференција за е-трговија на тема “Бизнис раст со е-трговија” на која присуствуваат повеќе од 400 учесници од над 200 компании и организации, а свое знаење и искуство ќе споделат 30 говорници од земјата и странство.

Податоците на Народна банка покажуваат дека македонците потрошиле 84 милиони евра на онлaјн купување со платежни картички во првото полугодие од 2019 година, што е за 26% повеќе споредено со истиот период лани.

Министерството за финансии има неколку иницијативи поврзани со предизвиците идентификувани од е-трговците. Со новиот закон за платежни услуги кој наскоро треба да биде донесен ќе се овозможи либерализација на пазарот и можност за влез и развој на финтек солуции односно софистицирани платежни решенија. Веќе се работи и на конципирање на акциониот план за таргетирано делување на сивата економија, што ќе им помогне на бизнисите во борбата со нелојална конкуренција” – укажа Ангеловска.

Министерката Ангеловска посочи дека владиниот сектор треба да ги поттикне компаниите, особено малите и средните компании, овозможувајќи им да растат и да се развиваат со е-трговијата. Нагласувајќи дека бизниот е партнер на Владата, министерката Ангеловска ги охрабри компаниите да иницираат промени, бидејќи само со здружени сили и холистички пристап може да се оствари прогрес.

Асоцијацијата за е-трговија е формирана пред 2 години со цел да придонесе за напредок на електронската трговија и креирање на поволна бизнис околина за раст.

Анализи

Предлог-буџет за 2020 вреден 3,9 милијарди – Дали е одржлив и на што најмногу ќе се троши догодина?

Објавено

на

Со Предлог буџетот за 2020 година растат социјалните трансфери, а ќе се одвојат повеќе пари за образование и здраство, ќе се зголемат платите на вработените во овие сектори, ќе се зголемат пензиите за 700 денари и ќе се плаќаат субвенции на бизнисмени за придонеси кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Според драфт верзијата на документот предвидено е и намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,3% од БДП или 17.385 милиони денари во апсолутен износ. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонецот сака 565 евра просечна плата и вработување според знаења и вештини

Објавено

на

Порталот Vrabotuvanje.com.mk за време на првиот регионален онлајн саем за вработување во Македонија (Виртуелни денови за вработување 2019) спроведе истражување со цел да се откријат сличностите и разликите во условите за работа во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска: Со Предлог-буџетот за 2020 година највисоки средства досега за човечки капитал

Објавено

на

Со буџетот за 2020 година се инвестираат највисоки средства досега за човечки капитал, односно: здравство, образование и социјална заштита. Министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на Предлог-буџетот за 2020 година рече дека вкупно 154 милијарди денари ќе се инвестираат во здравството, образованието и социјалната заштита, што е 64% од вкупните расходи или зголемување за околу 10 милијарди во однос 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange