Connect with us

Останато

Ангеловска: Државна помош од 14.500 за секој вработен, утврдени сите услови и комбинација на мерки за компаниите

Објавено

на

Министерката за финансии Нина Ангеловска ја претстави новата мерка за државна помош на компаниите со која треба да ги задржат своите вработени, да може да исплатат плати за април и мај и да не доделуваат откази барем до јули 2020 година со цел да се стабилизира економијата.

„Оваа криза бара брзи реакции, соработка и дијалог и постојана и редовна комуникација за појаснување на сите дилеми за користење на антикризните мерки. Сите погодени фирми без оглед од која индустрија доаѓаат со мерката број 1 од вториот пакет на антикризни мерки со користење 14.500 денари помош по вработен за месеците април и мај, со која верувам дека ќе може да се спасат многу работни места, а со тоа да се одржат и самите фирми. Оваа мерка очекуваме да чини околу 120 милиони евра и ќе опфати до 150 илјади вработени“ истакна Ангеловска.

Работодавачите ќе добиваат по 14.500 денари нето по вработен месечно и ова не е плата, туку износ на финансиска поддршка која секоја компанија може да ги искористи.

„Има компании кои бележат пад од 30%, 40% или над 50% на приходите, па така со мерката ќе може да ги задржат вработените. Ако на пример исплаќаат плата од околу 30.000 денари половина од платата ќе може да ја исплатат со користење на оваа мерка. Компаниите кои целосно се затворени и имаат нула приходи бидејќи се целосно затворени и им ги намалиле платите на вработените на најниска основа тогаш со поддршка од државата ќе може да го покријат овој износ“ објасни министерката.

Оваа мерка може да се комбинира со мерката за субвенции за покачување на платите која во месец февруари ја искористиле 26 илјади компании за 140 илјади вработени. Исто така може да ја користат и работодавачите кои ја подигнаа минималната плата од 12 на 14 илјади денари за што за тие дополнителни 2 илјади денари не плаќаат придонеси.

Работодавачите ќе треба да ги задржат вработените до јули годинава, а мерката може да ја користи секоја фирма која има намалени приходи од намалени приходи од 30% или 40% за април и мај, при што се земаат просеци на работењето од видот на фирмата и нејзината историја. Исто така услов е компаниите за оваа година да не исплатиле бонуси и додатоци од добивката.

Мерката не може да се искористи за вработените кои имаат месечна плата од над 39.900 денари и за вработените за кои се користат субвенции за придонеси и персонален данок преку мерките од Проектот Македонија вработува 1 и 2.

„Бидејќи оваа мерка е алтернатива на мерката за 50% од придонесите од првиот пакет, останува на фирмите да одлучат која од овие две мерки би ја користеле. Новата мерка ќе може да ја користат и управители и сопственици на компании што особено е корисно за микро и малите фирми како и за самовработените“ заклучи Ангеловска.

Останато

Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потребно е системско поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји

Објавено

на

Сметководството е врската меѓу стопанството и институциите, а од неговото непречено извршување зависат сите економски процеси. Анкетата што ја направи Комората на сметководители меѓу своите членови покажа дека речи 65 отсто од сметководителите биле заболени Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството. Во такви услови е јасно дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука за  роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија и да се ризикува со добивање на податоци чиј квалитет не може да се гарантира поради условите под притисок под кои работат сметководителите. Од овие податоци во голема мера зависи креирањето на финансиските политики на национално ниво. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Министерството за финансии ќе овозможи на дневна основа да се следат приходите и расходите на буџетот

Објавено

на

Министерството за финансии подготвува техничка можност на дневна основа да се следат буџетските приходи и расходи, соопшти на прес-конференција министерот Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање



Популарно