Connect with us

Платежни картички

Ангеловска: Домашната платежна картичка е инјекција од 28 милиони евра која ќе ја забрза економската активност во третото тримесечје

Објавено

на

Домашната платежна картичка и ваучерите за домашен туризам ќе го ублажат падот на економската активност во третото тримесечје, како и падот на бројот на ноќевања во македонскиот туризам. Ова го покажале направените симулации во Министерството за финансии, изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска на гостувањето во емисијата Агенда 35.

Преку мерката за домашна платежна картичка ќе им се даде финансиска поддршка на околу 325.000 граѓани. Министерката за финансии вели дека мерката е современа и системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање, намалување на неформалната економија, купување домашни македонски производи и услуги, а воедно ќе влее средства во стопанството за кус рок.

„Направивме една симулација што ќе значат 28 милиони евра во економијата во така краток период од околу 30 до 40 дена. При таа симулација за третиот квартал од годината, ако ние предвидуваме дека контракцијата или намалувањето на економската активност ќе биде 2,7%, со влевање на сите овие средства ќе забележиме нешто под 2%, односно намалување за 0,7 – 0,9 процентни поени помал економски пад благодарение на средствата коишто ќе се влеат во економијата и коишто ќе се потрошат кај погодените сектори за домашни производи и услуги” – вели Ангеловска.

Ангеловска посочува и дека ваучерите за домашен туризам ќе влијаат врз помал пад на бројот на ноќевања.

„Тука би ја споменала и мерката за ваучерите за туризам, којашто изнесува околу 10-12 милиони евра, а се поделија на 117.000 граѓани, секому по 100 евра. Симулацијата што ја направивме тука со цел да го оцениме ефектот проценивме ако бројот на ноќевања во текот на 2020 година согласно случувањата би бил околу 50%, со оваа мерка тој процент би бил дупло помал, односно би се влијаело на помал пад на бројот на ноќевања и воедно зајакнување на македонскиот туризам” – вели Ангеловска.

Платежни картички

Наградна игра на ТТК Банка со Mastercard платежни картички

Објавено

на

ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

КаСис: Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Објавено

на

Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД.  (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

Објавено

на

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно