Connect with us

Платежни картички

Ангеловска: Домашната платежна картичка ќе го амортизира економскиот пад

Објавено

на

Инјекцијата од 28 милиони евра преку домашната платежна картичка, односно преку зголемувањето на приватната потрошувачка за краток период насочена кон домашните производи ќе го амортизира економскиот пад. Во третиот квартал, согласно симулациите направени од Министерството за финансии, благодарение на домашната платежна картичка економскиот резултат ќе биде подобар за 0,7 до 0,9 процентни поени, вели во гостување во „Бизнис поенти“ на ТВ Алфа министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Ако погледнеме во третиот квартал, согласно проектираниот пад на БДП од 3,4% на годишно ниво во основното сценарио, во третиот квартал зборуваме за проектиран пад од 2,7%. Со направена симулација – ако овие 28 милиони евра се влеат во економијата, точно како што е наменето во тие сектори за домашни производи и услуги, ние може да го ублажиме падот од 0,7 до 0,9 процентни поени” – вели Ангеловска.

Министерката посочува дека земјата се соочува со најголемата економска криза после Големата депресија наваму и дека целта на ваквата мерка, со оглед дека приватната потрошувачка учествува со 65% во бруто домашниот производ е да се стимулира економската активност.

„Сите земји преземаат мерки за поттикнување и стимулирање на приватната потрошувачка во фаза на реотварање на економијата и враќање на довербата на граѓаните во – тоа се објекти кои беа затворени, кои немаа никаква економска активност и овие земји на свој начин ја спроведуваат мерката за давање на поддршка на граѓаните за зголемување на потрошувачката,може да ги погледнете Австрија, Словенија, Кина, Америка, најразлични примери, кои имплементирале вакви мерки на свој начин” – вели Ангеловска.

Платежни картички

Наградна игра на ТТК Банка со Mastercard платежни картички

Објавено

на

ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

КаСис: Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Објавено

на

Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД.  (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

Објавено

на

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно