Connect with us

Останато

Ангеловска: Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојната банка

Објавено

на

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка на Северна Македонија АД пласирани преку комерцијалните банки. Доделени се 25,6 милиони евра на 105 компании по каматна стапка од 1,6%, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Оваа кредитна линија беше дел од вториот сет мерки на Владата. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициона банка. Државата субвенционира дел од каматната стапка со цел кредитите да може да се понудат преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1.6%.

Компаниите на кои им се одобрени евтините кредити се од:
🏭 Производство
🥘 Угостителство
🚚 Транспорт
💇 Услуги
🛍️ Трговија
🧑‍⚕️ Здравство

Заедно со Ковид 1 и Ковид 2 бескаматните кредитни линии на Развојната банка, во стопанството досега се вбризгани над 38 милиони евра за подобрување на ликвидноста во време на КОВИД-19 кризата, а со нив се поддржани 1.436 претпријатија и 16.777 работни места

„Преку задржување на ликвидноста на стопанството се осигурува неговото нормално функционирање и се поттикнува економската активност – фирмите можат да ги сервисираат своите редовни обврски, но и да преземаат инвестициски активности што е од големо значење за надминување на кризниот период”, пoсочува министерката.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно