Business Woman
Ангеловска дел од висок политички форум за одржлив развој на ООН

Во понеделникот, во рамки на високиот политичкиот форум за одржлив развој, на тема „Одржливо и еластично закрепнување од пандемијата со Ковид-19 што ги промовира економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој: градење на инклузивен и ефективен пат за постигнување на 2030 Агендата во контекст на деценијата на дејствување и испорака на одржливиот развој”, се одржа интерактивна панел дискусија на која учествуваше и претседателката на АЕТМ и поранешната министерка за финансии – Д-р. Нина Ангеловска.
Високиот политички форум за одржлив развој (HLPF) кој се одржува од 6 јули до 15 јули 2021 година е организиран од страна на Организацијата на Обединетите нации (ООН). Форумот претставува централен начин на ООН за следење на прогресот на Агендата за одржлив развој и целите за одржливиот развој 2030 година, и има за цел да обезбеди политичко лидерство, насоки и препораки. Форумот, исто така, ја разгледуваа интегрираната и меѓусебно поврзана природа на целите на одржливиот развој. Годинава, учесниците ги истражуваат и различните аспекти на одговорите на Ковид-19 пандемијата и различните мерки и видови на меѓународна соработка во насока на менаџирање со пандемијата и нејзините влијанија и враќање на светот на вистинскиот пат кон постигнување на Целите на одржлив развој до 2030 година.
Ангеловска учествуваше како водечки дискутант на сесијата на тема „Инвестирање во Целите за одржлив развој“ која се одржа во понеделник, 12 јули 2021 година, во виртуелен формат. На сесијата се разговараше за препораки за политики кои можат да катализираат инвестиции во целите на одржлив развој во контекст на предизвиците за одржливост на долгот со кои се соочуваат земјите во развој низ целиот свет.
„Се вели дека Ковид го збриша постигнатиот напредок и нè придвижи назад во многу области. Сепак, дури и пред Ковид, постигнатиот напредок не се случуваше доволно брзо. Доста често го слушаме прашањето „Како да се вратиме на патот?“ иако беше очигледно дека и пред Ковид светот не е на добар пат да ги исполни Целите на одржлив развој до 2030 година. Наместо „Како да се вратиме на патот?“ посоодветно би било прашањето „Како да изградиме нов побрз и попаметен пат што ќе не однесе таму каде што сакаме да бидеме порано?“ затоа што враќањето на претходниот пат не е доволно добро..”, истакна Нина Ангеловска.
Како жена амбасадор за е-трговија на УНКТАД, таа се осврна и на улогата на жените во градењето на новата забрзана патека кон кон постигнување на целите за одржлив развој.
“Синергијата на жените и дигитализацијата можат да одиграат клучна улога во создавање на новиот подобар пат. Не можеме да зборуваме за забрзан прогрес без поголема вклученост на жените и искористување на нивниот потенцијал во пост ковид дигиталниот свет. Дигитализацијата можеби не е волшебно стапче, но е најблиску до тоа – таа е клучен овозможувач за креирање на новата брза патека која воедно влијае за намалување на корупцијата, како и зголемување на транспаретноста и одговорноста на владите.”, додаде Ангеловска.
Покрај Ангеловска, на сесијата учествуваа и г-дин Џејсон Росарио Браганза, извршен директор на Африканскиот форум и мрежа за долг и развој (AFRODAD – Група за финансирање на граѓанското општество за развој), како и високи претставници од економската комисија за Латинска Америка, високи преставници од банкарскиот сектор – „JP Morgan” и „African Export-Import Bank”, како и висок претставник од Peter G. Peterson Институтот за интернационална економија.
Повеќе детали за панел дискусијата можат да се погледнат на следниот линк, додека пак комплетната програма и концептот за Високиот политички форум за одржлив развој 2021 се достапни на веб-страницата HLPF 2021: https://sustainabledevelopment.un.org/hlpf/2021#programme.
Business Woman
Филомена Пљаковска Аспровска од КаСис меѓу најуспешните жени менаџерки за 2022

Агенцијата „Марили“ викендов ја додели наградата „Жена водилка“ на најуспешните жени менаџерки за 2022 година. (more…)
Business Woman
Нина Ангеловска избрана како финалист за “Награда за животно достигнување” од глобалната организација Women in Tech

Нина Ангеловска, е избрана како финалист за “Наградата за животно достигнување” (Lifetime Achievement Award) која ја доделува глобалната организација Women in Tech. Помеѓу деветте финалисти за оваа награда се и Директроката на Oracle од САД, Претседателката и оперативна директорка на SpaceX од САД, Директората за технолошка трансформација на Новартис од Швајцарија, и уште неколку жени со значајни достигнувања и успеси зад себе. (more…)
Business Woman
Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата „Business Elite Awards” бренд на „Global Top Brands Awards”

Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата „Business Elite Awards” оваа недела во Истанбул, Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје