Connect with us

Платежни картички

Ангеловска: Граѓаните од денес ќе почнат да добиваат домашна платежна картичка, 28 милиони евра ќе бидат префрлени кон банките

Објавено

на

Денес ќе бидат префрлени 28-те милиони евра средства за домашните платежни картички кон банките, а уште денес и се очекува да се издадат првите домашни платежни картички. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување за „Само вистина“ и посочи дека банките веќе по смс ги информираат граѓаните чии картички се изработени.

„Денес ќе бидат исплатени 28 милиони евра средства до деветте банки за мерката домашна платежна картичка. Картичките се дел испечатени. Дел уште од денес ќе почнат да се дистрибуираат. Секоја банка со различен интензитет на издавање и дистрибуција, бидејќи секоја банка има различна обврска колку картички ќе издаде. Најголемите три банки ќе издадат околу 85% од сите картички и тие се навистина добро организирани. Издавањето ќе започне од денес, клиентите се информираат и им стигнуваат смс пораки од страна на банките, а најдоцниот рок поставен во уредбата за издавање на картичките е 18 јули. Доделувањето на картичките ќе биде дел денес, дел од наредната недела и понатаму етапно. Користењето на средствата е до 15 август” – рече Ангеловска.

Издавачи на Домашната платежна картичка се НЛБ Банка, Стопанска Банка АД – Скопје, Комерцијална Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска Банка, УНИБанка, Централна Кооперативна Банка и Силк Роуд Банка.

Вкупно 324.479 корисници се евидентирани како корисници на домашната платежна картичка.

Корисници на Домашната платежна картичка се граѓани со низок доход, односно 115.927 лица – приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на УЈП. Овие лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка.

Корисници се и вработени со низок доход кои се 117.144 лица и тие ќе добијат 3.000 денари еднократно. Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април  2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија.

Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.

Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и  вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19.

Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка. Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја  добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)

Продолжи со читање

Популарно