Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: 2021 е година на постепено закрепнување, догодина очекуваме економијата да се врати на преткризниот раст

Објавено

на

Годинава којашто изминува е година на постепено закрепнување по првиот удар од пандемијата. За разлика од претходната глобална криза, којашто предизвика долга и тапа болка, корона-кризата предизвика брза и остра болка ‒ со првично поголем и пораспространет ефект во однос на светската финансиска криза, но со побрзо заздравување. За 2022 година се проектира раст од 3,9%, со што економијата би го достигнала преткризното ниво, но ризици се уште постојат посочува во интервју за „Капитал“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

„Досегашните остварувања главно се во согласност со очекувањата на Народната банка. Динамиката на закрепнување на економијата е солидна, а растот во првите три квартали од 4,6% е многу блиску до нашите проекции од 4,2%. За разлика од претходната глобална криза, којашто предизвика долга и тапа болка, корона-кризата предизвика брза и остра болка ‒ со првично поголем и пораспространет ефект во однос на светската финансиска криза, но со побрзо заздравување. Ова е пред сѐ бидејќи оваа криза не произлезе од нарушувањето на економските фундаменти, туку се прелеа од кризата во здравствениот систем и бескомпромисната потреба од зачувување на јавното здравје“, посочува Ангеловска-Бежоска во интервјуто.

Гувернерката вели дека банките биле значајна поддршка на реалниот сектор за време на коронакризата, што се должи на силната капитална и ликвидносна позиција на банкарскиот систем пред почетокот на пандемијата, но и брзата и силна реакција од страна на Народната банка, којашто од почетокот на пандемијата презела низа мерки за олеснување на финансиските услови во домашната економија и зголемување на ликвидноста и флексибилноста на банките.

За догодина Народната банка проектира раст од 3,9% на БДП, со што економијата во 2022 година би го достигнала преткризното ниво.

„Проценката за натамошен раст на економијата во 2022 година се темели на повеќе претпоставки, од кои клучна е заздравувањето на европската економија како наш најзначаен трговски партнер. Според најновите проекции на Европската централна банка, по растот во еврозоната од околу 5,1% годинава, за следната се проектира солиден раст од 4,2%. Тоа, заедно со поповолна ценовна конјунктура кај металите, би имало директно позитивно влијание врз нашиот извоз, а индиректно и врз други сегменти во економијата. Во поглед на домашниот амбиент, се очекува дека процесот на имунизација ќе продолжи, што позитивно ќе делува врз довербата и однесувањето на економските субјекти и нивната потрошувачка и инвестиции. Со оглед на високата капитализираност и ликвидност на банкарскиот систем, се очекува натамошна солидна кредитна поддршка на растот“, посочува Ангеловска-Бежоска.

Сепак, како што наведува гувернерката, за овие проекции постојат негативни ризици. Тоа се неизвесната епидемиолошка состојба, растот на цените на енергенсите, застојот во синџирите на снабдување во глобални рамки, но и можното побрзо затегнување на глобалните финансиски услови.

Во однос на инфлацијата, гувернерката вели дека имајќи ги предвид проекциите на меѓународните финансиски институции за стабилизирање на цените на примарните производи догодина, се очекува дека ќе дојде до одредено стабилизирање на инфлацијата и кај нас. Сепак, цените на примарните пазари се променливи и многу неизвесни, поради што Народната банка внимателно ги следи промените кај увозните цени и факторите коишто ги придвижуваат, но и домашните фактори. Доколку се оцени дека е потребно, Народната банка е подготвена да реагира користејќи дел од монетарните инструментите коишто ги има на располагање.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Објавено

на

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти

Објавено

на

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Бомгартнер: Монетарната политика е соодветно поставена да одговори на нагорните инфлациски движења

Објавено

на

Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. (more…)

Продолжи со читање


Популарно