Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Рухе: Народната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава

Објавено

на

И покрај силните шокови со кои се соочи нашата економија, како и глобалната економија, стабилноста беше зачувана. Централната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава. Ќе се преземат сите потребни чекори и ќе се искористат сите расположливи инструменти, доколку има потреба, за да се исполни мандатот на централната банка и за да се зачува среднорочната ценовна стабилност, како и стабилноста на домашната валута. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Централна и Југоисточна Европа на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Шарлот Рухе, којашто се одржа на маргините на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.

На средбата помеѓу гувернерката и директорката Рухе стана збор за тековната економска состојба во регионот и земјата, активностите коишто се преземаат од страна на централната банка, како и очекувањата и проекциите за годинава и на среден рок. Ангеловска-Бежоска посочи дека како мала и исклучително отворена економија, каде што трошоците за храната и енергентите сочинуваат околу половина од потрошувачката кошничка, бевме исклучително подложни на шоковите на меѓународните пазари, коишто брзо се пренесоа и во домашната економија. За остварување на својот основен законски мандат, односно одржувањето на ценовната стабилност, Народната банка уште од крајот на 2021 година започна да презема мерки за повлекување на ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, од пролетта 2022 година започна и со примена на широка лепеза активности кај повеќе монетарни инструменти, вклучително и зголемување на основната каматна стапка, а активира и макропрудентни мерки коишто овозможуваат финансиска стабилност.

Гувернерката истакна и дека, имајќи ги предвид очекувањата за движењата на цените на храната и енергијата на светските пазари, како и мерките преземени од страна на носителите на политиките, годинава се очекува забавување на инфлацијата. Ангеловска-Бежоска посочи дека целта на Народната банка е, на среден рок, инфлацијата да се врати на историски ниските стапки од околу 2%.

Говорејќи за стабилноста на економијата, Ангеловска-Бежоска го истакна и значењето на банкарскиот сектор, којшто и покрај последователните кризи и натаму е високо капитализиран и ликвиден, односно ја задржа својата отпорност, а истовремено обезбеди постојана кредитна поддршка за економијата.

Рухе посочи дека земјава има сигурен партнер во ЕБОР за развојот на економијата и дека низ годините тоа многукратно е потврдено преку проектите и инвестициите на ЕБОР во земјава. Во дискусијата, осврнувајќи се на тековната криза и на структурните реформи чија потреба стана очигледна, стана збор и за зелената транзиција и за нејзиното значење за спроведувањето на мандатите на централните банки. ЕБОР изминатите години има амбициозна агенда преку директни инвестиции во зелени проекти, но и преку финансирање преку партнерски институции, поттикнување на зеленото финансирање и зелените производи за овозможување енергетска одржливост и ефикасност во земјава.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Инфлациските трендови во регионот и во земјата се позитивни, но потребна е претпазливост

Објавено

на

Инфлациските трендови се позитивни. Инфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа, како и во земјава, се намали на едноцифрени стапки, како резултат на водењето затегната монетарна политика од страна на централните банки и стабилизирање на светските цени на примарните производи. Исто така, инфлациските очекувања и натаму се релативно закотвени, како значаен фактор којшто влијае врз динамиката на инфлацијата. И покрај позитивните движења, централните банки треба будно да ги следат движењата, бидејќи сѐ уште има неизвесност и ризици, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во видеоинтервју за „Еуромани“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка и ЕИБ ќе соработуваат за поддршка на зелените финансии

Објавено

на

Народната банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ), денеска, потпишаа Договор за соработка, со кој се обезбедува поддршка на напорите на Народната банка во сферата на зелените финансии. Договорот беше потпишан од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕИБ во земјава, Бјорн Габриел, додека на средбата присуствуваше амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир, амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и дел од тимот на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба со академската заедница: Соработка на Народната банка и академската заедница за унапредување на знаењата, податоците и истражувачката работа

Објавено

на

Народната банка активно работи на постојано унапредување на статистичката функција и на целокупната инфраструктура потребна за истражувачка активност и за носење квалитетни одлуки. Соработката со академската заедница може да придонесе за подигнување на квалитетот на истражувачко-аналитичката работа во земјата и да овозможи размена на знаења, искуства и вештини.  Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим и претставниците на академската јавност во земјава, академикот Љупчо Коцарев, професорите Александар Стојков и Димитар Коцарев и претставникот на студентската заедница, Димитар Пешевски. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola-euro-2024/ https://austinpublishinggroup.com/a/parlay/ https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola/ https://austinpublishinggroup.com/a/sbobet/ https://compendiumapp.com/comp/dominoqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/pkv-games/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/bandarqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/pkv-games/ https://austinpublishinggroup.com/group/bandarqq/ https://compendiumapp.com/comp/pkv-games/ https://compendiumapp.com/comp/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/PCB/pkv-games/ http://compendium.pairserver.com/ http://compendium.pairserver.com/bandarqq/ http://compendium.pairserver.com/dominoqq/ http://compendium.pairserver.com/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-10k/ https://bankarstvo.mk/PCB/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/dominoqq/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot77/ https://compendiumapp.com/ckeditor/judi-bola-euro-2024/ https://compendiumapp.com/ckeditor/sbobet/ https://compendiumapp.com/ckeditor/parlay/ https://sabriaromas.com.ar/wp-includes/js/pkv-games/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/pkv-games.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/bandarqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/dominoqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-thailand.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-depo-10k.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-kakek-zeus.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/rtp-slot.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/parlay.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/sbobet.html/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/pkv-games/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/bandarqq/ http://128.199.219.76/img/pkv-games/ http://128.199.219.76/img/bandarqq/ http://128.199.219.76/img/dominoqq/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/dominoqq/ https://www.knowafest.com/files/uploads/pkv-games.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/bandarqq.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/dominoqq.html https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-5k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-10k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot77.html/ https://tsamedicalspa.com/wp-includes/js/slot-5k/ https://gseda.nida.ac.th/wp-includes/js/pkv-games/ https://gseda.nida.ac.th/wp-includes/js/bandarqq/ https://gseda.nida.ac.th/wp-includes/js/dominoqq/