Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Милер: Мерките на Народната банка се наменети за задржување на макроекономската стабилност

Објавено

на

И покрај предизвиците коишто ги донесе војната во Украина за глобалната и домашната економија, макроекономската и финансиската стабилност во земјава се задржаа. Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД во земјава, Рајан Милер. На средбата стана збор за тековните економски случувања и остварувања, како и за политиките и мерките коишто се преземаат за одржување на стабилноста.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, посочи дека новиот контекст условен од заострувањето на геополитичките тензии доведоа до изразени нагорни притисоци врз инфлацијата, а надолни врз економскиот раст. Таа наведе дека Народната банка започна со постепено зголемување на основната каматна стапка, придонесувајќи за смирување на инфлациските очекувања и за одржување на среднорочната ценовна стабилност. Народната банка беше присутна на девизниот пазар со цел да ја задржи стабилноста на курсот од почетокот на кризата со надополнување на понудата на девизи. Беа донесени и целни мерки преку промени во инструментот задолжителна резерва, заради натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, со цел да се поттикне штедењето во домашна валута. Како резултат на ова, успешно се задржа стабилноста на девизниот курс.

На средбата стана збор и за економскиот раст, којшто во вториот квартал од 2022 година изнесува 2,8% и во целост се совпаѓа со проекцијата на централната банка од 2,8%. Сепак, беше посочено дека ризиците за економијата во втората половина на годината се надолни, што е поврзано со движењата на цените на енергентите на светските пазари и ефектот на пренос којшто го имаат врз домашните цени. Неизвесноста и натаму е висока и е условена од случувањата во Украина и санкциите кон и од Русија, а сè уште постојат и ризиците од нови соеви или нови бранови на ковид-19.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка внимателно ги следи и меѓународните и домашните економски движења и соодветно ги осмислува политиките коишто ги водат монетарните власти за одржување на макроекономската стабилност.

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 14 декември 2022 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно