НБРМ
Ангеловска-Бежоска ‒ Бјерде: Светската банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност


Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерките Митреска и Нацевска одржаа работна средба со потпретседателката на Групацијата на Светската банка за регионот, Ана Бјерде. На средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, новиот регионален директор за Западен Балкан, Шиаочин Ју и претставникот на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи, стана збор за тековните макроекономски услови во државата, а пред сѐ за инфлацијата, надворешниот сектор, капацитетите на банкарскиот сектор и за унапредувањето на регулативата за банкарскиот систем.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека поддршката којашто Светската банка ја обезбедува за Народната банка заради натамошно унапредување на регулативата за работењето на банкарскиот систем е од исклучително значење. Поконкретно, Светската банка ја поддржа изработката на Предлог-законот за финансиска стабилност којшто сега е во собраниска процедура. Со Предлог-законот ќе се зајакне макропрудентната функција на Народната банка, но и на останатите финансиски регулатори и ќе се обезбеди натамошно унапредување на координацијата на финансиските регулатори. Техничка помош се обезбедува и во сферата на усогласување со европската регулатива за решавање банки, зајакнување на инструментариумот за следење на системските ризици во финансискиот сектор, вклучително и за моделот за процена на квалитетот на кредитното портфолио на корпоративниот сектор.
Потпретседателката Бјерде се осврна на глобалните предизвици и последиците од тоа за домашната економија. Во однос на банкарскиот систем, искажа поддршка за активностите на Народната банка за натамошно унапредување на регулативната рамка којашто е од големо значење за натамошно јакнење на финансиската стабилност.
НБРМ
Давидовска-Стојанова: Зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки ќе делува на ублажување на ценовниот раст


Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, посочува во интервјуто за „Пари.мк” директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. (more…)
НБРМ
Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење


Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx (more…)
НБРМ
Народната банка ја задржа основната каматна стапка непроменета, на нивото од 2,50%


На 9 август 2022 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и за глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје