Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Брнз: Независност и професионалност на Народната банка за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка. На средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, се зборуваше за придонесот на монетарните власти во одговорот на кризата предизвикана од ковид-19. Беше посочено дека мерките преземени од Народната банка суштински придонесоа за раздвижување на економската активност, како и за зачувување на финансиската стабилност за време на криза.

Гувернерката извести дека во тек е нов циклус макроекономски проекции за кои централната банка ќе информира на почетокот на ноември. Притоа, посочи дека досегашните остварувања кај бруто домашниот производ главно се во согласност со проекциите на Народната банка. Девизните резерви се малку подобри од очекуваните, исто како и кредитната поддршка.

Инфлацијата e умерено повисока. Инфлациските движења се главно резултат на увозни притисоци поврзани глобалните цени на енергенсите и храната. Сепак, Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи ценовните движења, а особено инфлациските очекувања и евентуалните секундарни ефекти и соодветно ќе реагира на нив.

Исто така, гувернерката истакна дека постепеното закрепнување на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за одржување на макроекономската и финансиската стабилност и ги ублажува системските ризици. Сепак, неизвесниот карактер на корона-кризата наметнува потреба од постојана подготвеност и будно следење на состојбите, заради преземање соодветни мерки за справување со предизвиците.

На средбата присуствуваше и шефот за економски и политички прашања при Амбасадата на САД, Кристофер Зимер, како и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во земјава.

НБРМ

Следната недела ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост

Објавено

на

Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се Народната банкаМинистерството за финансииКомисијата за хартии од вредностАгенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Годишен раст од 8,1 проценти на вкупните депозити и од 6,7 проценти на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Вкупните депозити во октомври, на годишна основа, се повисоки за 8,1 проценти, при раст кај двата сектора што е поизразен кај секторот „домаќинства”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Нов глобален предизвик е дигиталната финансиска инклузија

Објавено

на

Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Во услови на потреба од натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која предвидува голем број активности и кооридиниран пристап. Ова го посочи вицегувернерката Ана Митреска во својата презентација на работилницата организирана од германската Шпаркасе фондација за меѓународна соработка, која беше одржана за да го означи почетокот на активностите на оваа фондација во нашата земја во областа на финансиската инклузија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно