Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Азески: Мерките и политиките спроведени од Народната банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата

Објавено

на

Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

На работниот состанок се разговараше околу тековните предизвици со коишто се соочуваат македонските компании. Беше истакната високата поврзаност на домашната економија со Европската Унија, како наш најголем трговски партнер. Продолжената пандемија влијаше врз ликвидноста на економските субјекти во ЕУ, што постепено започна да се чувствува и кај македонските фирми коишто ги пласираат своите производи на европските пазари, а особено на германскиот. Исто така, постпандемиското закрепнување на европската економија позитивно влијае врз остварувањата и на домашната економија, беше истакнато од Стопанската комора. Сепак беше истакнато дека непредвидливоста е голема, особено имајќи ја предвид енергетската криза и геополитичките тензии.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на последните макроекономски остварувања, коишто упатуваат на раст на домашната економија согласно со макроекономските проекции но и присутни ризици. Во однос на ценовните движења беше посочено дека засега нагорното придвижување на инфлацијата се должи главно на фактори поврзани со растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари. Во такви околности, засега монетарната политика е олабавена, за да се овозможи соодветна финансиска поддршка на економскиот раст. Сепак, Народната банка со внимание ги следи движењата и кај домашните фактори, на редовна основа ја преиспитува поставеноста на монетарната политика и е подготвена за соодветна реакција.

На работниот состанок беше разговарано и за продлабочувањето на соработката помеѓу Народната банка и Стопанската комора, преку поредовно меѓусебно информирање за макроекономските движења, како и за согледувањата на приватниот сектор за економските услови во земјата и во меѓународното окружување.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Објавено

на

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно