Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Објавено

на

„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем“ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“, кој се одржа во Црна Гора.

Во текот на Самитот гувернерката Ангеловска-Бежоска зема активно учество во дискусиите на панелот на тема „Монетарната политика во инфлациско опкружување“, на кој говореа и гувернерите на Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и вицегувернерот од Хрватска. Учесниците на панелот го потенцираа значајното забрзување на инфлацијата во сите земји во регионот, која во просек достигна 13,5%, како и притисоците од енергетскиот шок врз девизните пазари што резултираше со потреба од затегнување на монетарните политики во регионот. Ова особено доаѓа до израз во услови кога ФЕД и ЕЦБ, кои во значајна мера ги дефинираат глобалните финансиски пазари,  веќе во неколку наврати ги зголемија каматните стапки, а ФЕД веќе и ја намалува ликвидноста од пазарите. Со ова се намалува и просторот за маневар на останатите централни банки.

„Доколку централните банки во регионот не преземаат мерки кои ќе го следат циклусот на ФЕД и ЕЦБ, тогаш може да се соочат со ризици за капитални одливи или помали капитални приливи, а со тоа и зголемени притисоци на девизниот пазар.“ истакна гувернерката.

Сите учесници на панелот се согласија дека одржување на стабилноста на девизниот курс е од исклучително значење за стабилизирање на инфлацијата.

Самитот на едно место ги собра клучните креатори на фискалната и монетарната политика, претставниците од меѓународни финансиски институции и водечките луѓе од најголемите банки, компании и осигурителни компании од целиот регион, кои годинава разменија мислења за неопходната соработка на монетарната и фискалната политика во справување со предизвиците и преземањето мерки за ублажување на негативните последици од економската криза.

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно