Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Финтек-секторот ќе донесе поголема конкуренција, нови и поевтини финансиски услуги

Објавено

на

Развојот на финтек-секторот ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата, што од своја страна ќе доведе до поголем и полесен пристап за граѓаните до нови видови финансиски услуги, но и до поевтини финасиски услуги.

Народната банка презема повеќе активности за создавање околина во која ќе се развива финтек-секторот, меѓу кои и изработка на платформа за соработка со иновативната деловна заедница ‒ Порта на иновации, прва национална финтек-стратегија и соодветна регулативна рамка, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МТВ.

Како централна банка преземаме повеќе видови активности. Пред неколку години ја отворивме Портата за иновации, платформа за комуникација помеѓу Народната банка, иновативната деловна заедница и други поврзани регулаторни органи. Целта е сите компании коишто имаат намера да воведат некои нови видови финансиски производи на домашниот пазар, да можат да пристапат на едноставен начин и да ги добијат сите потребни информации во делот на регулативата. Овој канал за комуникација не е корисен само за компаниите, туку и за нас, како централна банка, бидејќи ни овозможува да ги следиме најновите трендови во финаниската индустрија, да увудиме регулативни пречки за поттикнување на иновациите и да иницираме соодветни законски промени“, вели гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочува дека кај компаниите има голем интерес за финтек-секторот. Според анкетата којаштo ја спровела Народната банка помеѓу банките и финансиските институции, како и останатите регулаторни тела, околу 90% од испитаниците се свесни за бројните придобивки коишто ги носи дигитализацијата во финансиите, додека околу 70% од институциите веќе инвестираат во дигитализацијата и во промена на начинот на којшто функционираат финансиските услуги.

Како главни пречки за побрз развој на финтек-секторот, според испитаниците, се малиот пазар и регулативната рамка. Во делот на регулативната рамка се посочуваат три сегмента, тоа се регулативата во делот на заштитата на личните податоци, регулативата за спречување перење пари и регулативата којашто ги регулира платниот систем и платежните услуги.

Во однос на регулативата за платниот систем, таа ќе биде опфатена со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто веќе е во завршна фаза и очекуваме дека наскоро ќе биде донесен. Веќе почнавме со работа на националната стратегија за финтек-секторот. Тој проект е поддржан од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), а работиме и заедно со останатите финансиски регулатори. Очекуваме дека во првата половина на годинава ќе биде донесена првата национална стратегија, којашто јасно ќе гиутврди подрачјата и ќе опфати мерки и активности за поддршка на финансиските иновации, што во крајна линија е од корист за сите граѓани“, вели гувернерката на Народната банка.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на „Еуромани”: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста

Објавено

на

Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова беше истакнато од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Реобмислување на улогата на централните банки” во рамките на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Објавено

на

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти

Објавено

на

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно