Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Приоритет на монетарната политика и натаму е одржувањето на стабилноста

Објавено

на

Во центарот на вниманието на монетарната политика мора да е одржувањето на ценовната стабилност, а со тоа и на вкупната макроекономска стабилност, коишто се најдобриот придонес што таа може да го даде за економијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата „Задржување на домашниот раст сред постпандемично врамнотежување, ценовни притисоци и војна во Украина“ во рамките на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.

Зборувајќи за тоа како да се поддржи економскиот раст, а во исто време да се стабилизира инфлацијата, предизвикана од воениот конфликт во Украина, гувернерката посочува дека особено е значајна координацијата на фискалната и на монетарната политика. На пократок рок, преку фискалните мерки може на подиректен начин да се ублажи трансмисијата од глобалниот пораст на цените на енергијата врз цените на стоките за потрошувачка, како и во одредена мера да се надомести загубата во доходот кај најранливите категории. Од друга страна, монетарната политика треба да се насочи кон одржување на ценовната и на макроекономската стабилност.

На среден рок, по стабилизирањето на состојбите, потребна е постепена фискална консолидација, а поголемо внимание на структурните реформи коишто треба да ја намалат ранливоста на економијата, да ја зголемат нејзината отпорност и потенцијал за раст.

„Општо познато е дека макроекономските политики, а особено монетарната политика, не можат да бидат замена за темелни структурни реформи. Само со структурни реформи може да се откријат точките на ранливост на економиите, да се унапредат основите и да се зголеми потенцијалот за раст, а со тоа и заштитата од идни можни шокови“, посочи гувернерката.

На панел-дискусијата, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, регионалниот резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно