Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Одлуката на ЕК за банкарската регулатива и супервизијата на Народната банка, позитивно ќе влијае врз странските инвеститори

Објавено

на

Позитивна перцепција за домашниот банкарски систем од страна на странските инвеститори, негова поголема интеграција во европскиот финансиски систем и подобри можности за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал. Ова се придобивките за нашиот финансиски систем и економијата, од одлуката на Европската комисија, со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на ЕУ, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во емисијата „Агенда 35“.

„Одлуката на ЕК  може позитивно да влијае врз потенцијалните инвеститори бидејќи зборува за кредибилитетот на институцијата и на самиот систем, за да инвестираат, како во финансискиот сектор, така и погенерално во нашата економија. Знаеме дека за мали економии, странските директни инвестиции се клучниот фактор за одржлив раст. Понатаму, ова би можело да значи дека пондерот на ризичност, којшто европските банки го применуваа за изложеност кон наши институции може да биде значајно понизок, односно тие практично можат да применат пондер нула. Тоа создава можност за  поголема интеграција на нашиот банкарски систем во европскиот финансиски систем, но и можност за финансирање на нашите институции, како на домашниот пазар, така и на меѓународните пазари по поповолни услови” – рече гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочи и дека оваа одлука на ЕК ги отвара вратите и создава поголем простор за натамошно зајакнување на соработката на Народната банка со европските институции, а има и предности во спроведување на монетарната политика.

Инаку, со Одлуката на ЕК, Северна Македонија се вклучува на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, чија банкарска регулатива и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалента на онаа којашто се спроведува во ЕУ.

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка донесе одлука за воведување макропрудентна мерка за дополнително јакнење на заштитните механизми во банкарскиот систем

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за воведување макропрудентна мерка со која дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем, заради зачувување на неговата отпорност и натамошно јакнење на финансиската стабилност во услови на постепено зголемување на системските  ризици. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Каматните стапки на кредитите во јуни останаа ниски, умерено зголемување кај новопримените депозити

Објавено

на

Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити. (more…)

Продолжи со читање


Популарно