Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Ова е прва криза во којашто првичниот одговор на Народната банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика

Објавено

на

Oва е прва криза во којашто првичниот одговор на нашата централна банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика. На пример, за време на глобалната финансиска криза, понискиот прилив на капитал во македонската економијата и тогашната зголемена склоност на економските агенти кон еврото наметнаа зголемување на основната каматна стапка за да се стабилизираат очекувањата, но тоа доведе до пораст на каматните стапки на кредитите и забавување на кредитната поддршкаОвојпат е поинаку, зашто ковид-кризата ја дочекавме со високо и соодветно ниво на девизни резерви, посилни фундаменти на економијата и отсуство на нерамнотежи, што се гледа преку солидната надворешна позиција на економијата и умерената инфлација.

Ова меѓу другото го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гувернерската панел-дискусија на е-конференцијата „Ковид-19: влијанието врз економијата и политиките на централните банки“, организирана од Лондонската школа за економски и политички науки и Банката на Албанија.

Во рамките на своето излагање, Ангеловска-Бежоска се фокусира на политиките на централните банки од регионот во текот на актуелната криза, осврнувајќи се и на ефектите постигнати досега, како и на предизвиците за монетарната политика за натамошниот среднорочен период.

„Со оглед на сериозноста на шокот предизвикан од пандемијата, со научените лекции од глобалната финансиска криза и со достапноста на веќе подготвениот неконвенционален пакет алатки, овојпат во регионот монетарната реакција беше побрза и посилна, а и подобро усогласена со фискалната политика.“ – посочи гувернерката.

Коментирајќи ги ефектите од преземените монетарни мерки, Ангеловска-Бежоска нагласи дека меѓу другото, придонесоа да не се зголемат трошоците за финансирање, односно каматните стапки и натаму се намалуваат, а се задржа и солидната кредитна поддршка. Притоа, кредитниот раст продолжи да расте стабилно во речиси сите земји од регионот, со просечна стапка од околу 6,2%, а во нашата земја, како што посочи гувернерката, дури и забрза и изнесува 7,3%.

Инаку, на панел-дискусијата покрај тоа што беше истакнато дека актуелната состојба како во глобални рамки, така и во регионот создава изразена неизвесност, особено заради времетраењето на здравствената криза, беше разговарано и за повеќе сегменти на кои носителите на политиките во регионот ќе треба да им посветат посебно внимание во следниот период. Притоа, беше нагласена и потребата од натамошно зајакнување на економските основи и на отпорноста на економиите од идни шокови, особено преку продолжување со структурните реформи.

Во рамките на е-конференцијата, гувернерката размени мислења со колеги од другите централни банки и за низа други актуелни прашања поврзани со економските предизвици од ковид-кризата, вклучително и за значењето и важноста на пристапот до девизна ликвидност во евра којшто на Народната банка ѝ беше овозможен од страна на Европската централна банка.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Објавено

на

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Поголема транспарентност и поширок опфат на податоци од банките, како поддршка на финансиската стабилност

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, ја донесе Одлуката за објавување извештаи и податоци од страна на банките, со која се вршат позначителни промени за зголемување на опфатот на податоците коишто ги објавуваат банките и на фреквенцијата на објавите. Промените се однесуваат на зголемување на транспарентноста на банките, како кон супервизорските органи, така и кон јавноста. Со ова се врши натамошно усогласување со европските регулативи, но и со подзаконската банкарска регулатива донесена од страна на Народната банка во изминатиот период за зголемување на претпазливоста. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

Објавено

на

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно