НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Новата макропрудентна мерка е со цел натамошно јакнење на капиталот на банкарскиот систем

Макропрудентната мерка, стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 0,5% за изложеностите на банките кон домашната економија, којашто ја донесе неодамна Народната банка, е со цел натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем. Тоа пак, е предуслов за натамошна солидна кредитна поддршка на граѓаните и компаниите. Со оваа мерка, која е од превентивен карактер, всушност, се подобрува подготвеноста на банките за справување со ризиците, бидејќи тие ќе имаат уште повеќе капитал да ги апсорбираат евентуалните загуби и да продолжат со поддршка на реалната економија, вели во интервју за „Слободен печат“, гувернерката на Народната банка, Анита Агеловска-Бежоска.
„За да биде појасна улогата на овие заштитни слоеви на капиталот за јавноста, ќе се обидам да направам аналогија со значењето на заштедите за еден поединец или семејство. Ако вие имате заштедено средства од вашиот доход, тоа ви дава простор да ги зголемите инвестициите или потрошувачката во следниот период, но и полесно да ги надминете евентуалните непредвидени настани што може да се случат, како што се на пример намалувањето на доходот или загуба на работното место. Заштитните слоеви на капиталот имаат ваква слична улога на заштитен механизам за банките. Им овозможуваат на банките полесно да се справат со евентуалните шокови, без притоа да се загрози нивната стабилност и способноста за кредитирање на приватниот сектор. Јакнењето на заштитните слоеви на капиталот е причина за дополнителна сигурност за граѓаните, дека банкарскиот систем е стабилен и има доволно капитал да се справи со ризиците од окружувањето“, вели гувернерката.
Гувернерката посочува дека при носењето на мерката земени се в предвид и солидните биланси на банките, подготвени да одговорат на новите предизвици од окружувањето, исто како и во целиот пандемичен период. Но, исто така земени се и предвид ризиците од окружувањето, кои се нагласени во овој период и налагаат потреба од поголема претпазливост, особено во однос на управувањето со кредитниот ризик и планирањето на капиталните позиции.
Во последниот период, повеќе европски земји реагираа со вакви или слични мерки со кои се бара повисока капитализираност на банките. Гувернерката посочува дека Народната банка ќе продолжи внимателно да ги следи случувањата и во следниот период и останува подготвена да преземе соодветни мерки доколку оцени дека е потребно за да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор, како и севкупната финансиска стабилност.
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)
НБРМ
Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје