Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Нема руски и украински банки кај нас – банкарскиот систем стабилен

Објавено

на

Граѓаните да бидат спокојни, курсот на денарот останува стабилен и понатаму, исто како и банкарскиот систем. Нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија или Украина, од овој аспект, не постои изложеност на ризик и можност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за весникот „Вечер“.

Ние имаме фиксен курс на денарот, врзан за еврото. Оттаму од исклучителна важност за одржување на курсот се девизните резерви. Девизните резерви со кои располагаме се околу 3,4 милијарди евра, односно се на високо ниво и се во целост конзистентни со нашите очекувања. Ова ниво е повисоко во однос на нивото на девизни резерви кое го имавме пред пандемијата, а за споредба, во 2008 година, кога исто така ја одржавме стабилноста на денарот и покрај глобалната финансиска криза, нивото на девизни резреви беше два пати пониско. Во својот извештај од редовната мисија во нашата земја, ММФ јасно посочува дека курсот е целосно конзистентен, и со економските параметри и со проекциите и со политиките кои ги водиме, односно дека низ годините тој бил сидро на стабилноста на нашата економија“, посочува гувернерката.

Состојбите во банкарскиот систем се стабилни, истакнува Ангеловска-Бежоска. Податоците покажуваат дека продолжува трендот на кумулативно зголемување на депозитите во домашните банки и во текот на февруари. Анализите на неделните промени на депозитите на домаќинства во просек упатуваат на поповолни движења во последната недела од февруари, заклучно со 27 февруари, во однос на претходната недела од месецот.

Гувернерката во интервјуто повикува на подигнување на општата свест, дека со ширење на лажни вести се нанесува штета на граѓаните. Особено во време на вакви глобални турбуленции, треба да видиме како сите заедно можеме да ја надминеме со минимум последици, а не да креираме штета таму каде што реално нема, истакнува Ангеловска-Бежоска.

НБРМ

Оваа недела ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 21 септември 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Нацевска на симпозиум на високо ниво: Приближувањето на европските мултинационални компании кон регионот – можност за поголем економски раст и интеграција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

Објавено

на

Вицегувернерката Емилија Нацевска заедно со професорката Паула Субачи (Paola Subacchi) од Универзитетот Квин Мери во Лондон и истражувачот Џан Ферети (Gian Ferretti) од Брукингс центарот за макроекономски истражувања (англ. Brookings Institution) учествуваше на панелот „Подвојување на глобалниот финансиски систем – импликации за трговијата, капиталните текови и девизните курсеви” којшто беше дел од дискусиите на симпозиумот на високо ниво во организација на централната банка на Ерменија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс. Зголемените геополитички тензии креираат ризици од фрагментација на глобалната економија и претставуваат сериозна закана за сите досегашни придобивки од високата меѓусебна поврзаност и зависност на глобалниот економски систем, што може да доведе до сериозни импликации и загуби во светската економија. Геополитичките настани во последните неколку години ја поттикнуваат фрагментацијата и во инфраструктурата за извршување на меѓународните плаќања, што дополнително може да влијае на трговските и капиталните меѓузависности на земјите и регионите и со тоа повратно да ја засили економската фрагментација. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба на гувернерката со учениците кои донесоа бронзен медал од Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

„Финансиската едукација и финансиската инклузија, со особено внимание на младата популација, се значаен приоритет на Народната банка. Оттаму, Народната банка поддржува повеќе инцијативи во овој сегмент, вклучително и учеството на Меѓународната економска олимпијада, а особено радува кога младите се истакнуваат со забележителни знаења на меѓународните натпревари.“ Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната средба со учениците од средните училишта,  овогодишните учесници на Меѓународната економска олимпијада и професорите Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои ги координираа подготовките на тимот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно