Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот

Објавено

на

Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска.

Во центарот на вниманието на овој значаен настан, организиран од едно од најугледните и највлијателни деловни списанија на хрватскиот пазар, бизнис-неделникот „Лидер“, годинава беа предизвиците коишто ги носат технолошките иновации на полето на финансиските услуги – финтек. Се засегнаа прашањата околу тоа како централните банки ги следат случувањата и трендовите во сферата на финтек и на што посветуваат најмногу внимание, може ли финтек да влијае врз монетарната политика и врз остварувањето на централнобанкарските цели, дали и какво влијание може да има врз финансиската стабилност во иднина. Ова се само дел од прашањата за кои покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска, вчера дискутираа и гувернерите на централните банки на Словенија, Хрватска и Црна Гора, како и вицегувернерката на централната банка на Босна и Херцеговина. Свое излагање на средбата имаше и поранешната гувернерка на Централната банка на Израел, д-р Карнит Флуг.

На првата панел-дискусија на Средбата, петтемина високи претставници на централните банки од регионот беа едногласни во оценката дека развојот на секторот финтек може да доведе до бројни полезности за корисниците на финансиските услуги, но и дека е потребно соодветно следење од страна на регулаторите, заради навремено откривање и реагирање на потенцијалните ризици. Во своето излагање, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на активностите на нашата централна банка поврзани со ова прашање, како што се новиот Нацрт-закон за платежни услуги и платни системи, којшто треба да овозможи поголема конкуренција во сегментот на платежните услуги, унапредувањето на платежната статистика заради подобро следење на иновациите во финансискиот сектор, како и подготвителните активности за формирање иновациски центар во рамки на Народната банка, којшто ќе претставува платформа за дискусија за новите финансиски производи и услуги на финансиската индустрија.

Учесниците на оваа панел-дискусија говореа и за постојната регулаторна и институционална рамка во поглед на финтек, како и за различни аспекти на заштитата на потрошувачите. Истовремено, беа отворени и повеќе прашања за тоа како може финтек да влијае врз деловните банки сега и на долг рок. Во завршницата на панел-дискусијата беше подвлечено дека финансиските иновации не се новост, но дека е нов начинот на користење на технологијата во сферата на финансиите, со што значително се зголемува конкуренцијата во финансискиот сектор. Притоа, беше нагласена потребата од поголеми вложувања во технологијата и од страна на деловните банки.

Втората панел-дискусија беше посветена на инвестициите во Југоисточна Европа и на неа учествуваа претставници на повеќе деловни банки од регионот.

Средбата организирана од хрватскиот неделник „Лидер“ е еден од неколкуте традиционални настани на кои високите претставници на централните банки од регионот имаат можност да разменуваат мислења и заеднички да носат заклучоци за најактуелните и најголемите предизвици за монетарната политика на регионално ниво. Гувернерката Ангеловска-Бежоска го искористи своето учество на годинешното издание на Средбата и за билатерални состаноци со колегите од другите централни банки од регионот, како и со претставниците на меѓународните институции и организации кои присуствуваа на настанот. На состаноците, акцентот беше ставен на идеите и можностите за натамошно унапредување и јакнење на регионалната соработка меѓу централнобанкарските институции.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, денес, во седиштето на Советот на Европската Унија во Брисел учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Денови на финансиска писменост – едукативни презентации во Народната банка

Објавено

на

Од 29 до 31 мај годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Во текот на Деновите, институциите и компаниите, уште повеќе ќе ги отворат своите врати за сите заинтересирани граѓани, спроведувајќи бројни информативно-едукативни средби. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка очекува поволни поместувања во економијата

Објавено

на

На 14 мај 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange