Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса со Тао Жанг од ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса со Тао Жанг, заменикот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто се одржа во неделата, во Дубровник, Хрватска. Настанот беше организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, на којашто учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и угледни експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту. Дводневното конференциско издание беше посветено на пазарот на трудот и демографските предизвици, иднината на работната сила и политиките коишто се потребни за одржлив економски раст и достигнување на нивоата на доход во развиените земји од Западна Европа.

Во овој контекст, и на тркалезната средба со високиот претставник на ММФ, Жанг, на која учествуваа петнаесетина гувернери на централни банки и министри за финансии од земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа, акцентот беше ставен на предизвиците на пазарот на трудот. Притоа беше нагласено дека по глобалната криза има забавување на економскиот раст на земјите од регионот коешто е одраз не само на циклични, туку и на структурни фактори. Тоа се согледува преку понискиот потенцијален раст како резултат на понискиот придонес на сите долгорочни фактори на растот, вклучително и на трудот, во услови на неповолни демографски и емиграциски трендови.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на состојбите на пазарот на труд во нашата економија, истакнувајќи дека тековно се забележува континуиран раст на работоспособното население и раст на вработеноста, но дека според проценките на меѓународните институции, на среден рок се очекува забавување на тој раст. Тоа наметнува потреба од особена внимателност и од таргетирано делување на пазарот на труд и кај нас, преку натамошно спроведување активни политики и мерки насочени кон пазарот на труд, подобрување на квалификуваноста на работната сила, но и поопшто, спроведување структурни реформи и јакнење на институциите, со што ќе се забрза процесот на конвергенција кон повисоки нивоа на доход.

Високиот претставник на ММФ, Жанг и учесниците на тркалезната маса заеднички заклучија дека намалувањето или бавниот раст на  работоспособното население во услови на неповолни демографски движења и емиграција претставува предизвик за сите земји во регионот на ЦИЈЕ. Тоа упатува на потребата од преземање повеќе мерки за зголемување на стапката на активното население, особено на жените, продолжување на животниот век на населението, зголемување на квалификуваноста на работната сила, како и поттикнување иновации и автоматизација.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го искористи своето учество на значајната конференција на Хрватската народна банка и ММФ, којашто заврши вчера, и за билатерални средби со своите колеги од регионот, како и со претставници на меѓународните институции.

НБРМ

Продолжи трендот на месечен раст на кредитите и депозитите

Објавено

на

Според извештајот на Народната банка на Република Северна Македонија во месец јули забележан е пораст на кредитното и депозитното портфолио. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Објавено

на

На 13 август 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“

Објавено

на

Народната банка објави нова информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“, што содржи низа информации за работењето на централната банка и за нејзините основни цели и задачи, како и објаснување по што таа се разликува од другите институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange