Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на самитот на „Економист“: Инвестирањето во дигиталната безбедност ќе биде еден од главните приоритети за банките

Објавено

на

Инвестирање во дигиталната безбедност е еден од приоритетите во периодот што претстои за банкарскиот и за финансискиот сектор. Ова се должи на новите навики коишто ги стекнаа потрошувачите за време на пандемијата ‒ сѐ почесто ползување на придобивките од дигиталните финансиски услуги. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панелот „Приоритетите за секторот на финансиски услуги“, во рамките на Самитот на Западен Балкан, којшто се одржува во Скопје во организација на британскиот неделник „Економист“.

„Пандемијата ги насочи потрошувачите кон дигиталните финансиски услуги. Во вториот квартал од оваа година, на годишно ниво се забележува раст од 30% на бројот на електронски иницираните кредитни трансфери и 55% на бројот на плаќањата преку мобилните телефони. Ова е позитивен развој, но исто така ја нагласува важноста на инвестициите во кибербезбедноста, како еден од врвните предизвици со кои се соочува банкарската индустрија, како од аспект на заштитата на потрошувачите, така и од аспект на задржувањето на стабилноста на финансискиот систем. Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, во изминатата деценија бројот на кибернапади е трикратно зголемен, при што секторот за финансиски услуги е најпогоден” ‒ посочува Ангеловска-Бежоска.

На панел-дискусијата, гувернерката на Народната банка истакна дека банкарскиот сектор беше дел од решението во надминувањето на ефектите од корона-кризата. Стабилноста на банкарскиот сектор и неговата подготвеност за соочување со предизвиците коишто ги донесе кризата се должат пред сѐ на добрата кондиција на овој сектор стекната во претпандемискиот период, како резултат на бројни регулаторни мерки преземени од Глобалната финансиска криза наваму. Поради ова банкарскиот сектор успеа да апсорбира голем дел од ударот врз реалниот сектор, посочи Ангеловска-Бежоска.

Исто така, преку мерките коишто ги презеде Народната банка, како олабавувањето на монетарната политика и регулаторната флексибилност за да се овозможи мораториум на долговите, се придонесе за олеснување на ефектите на кризата врз корпоративниот сектор, но и домаќинствата.

„За време на корона-кризата кредитната поддршка беше солидна, па дури и забрзана, движејќи се околу 6%, додека каматите и натаму опаѓаат, достигнувајќи го историски најниското ниво. Кредитната поддршка одигра важна улога во одржувањето на многу дејности и домаќинства, што, пак, е од клучно значење за одржувањето на економската активност” ‒ посочи гувернерката.

Ангеловска-Бежоска нагласи дека за натамошно зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем, во претстојниот период, Народната банка заедно со Министерството за финансии, ќе продолжи со работа на зајакнувањето на регулативната рамка и усогласувањето со регулативата на ЕУ. За таа цел се усвоени и Законот за финансиската стабилност, Законот за решавање банки и Законот за банките.

На панел-дискусијата „Приоритетите за секторот на финансиски услуги“ учествуваше и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

НБРМ

Следната недела ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост

Објавено

на

Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се Народната банкаМинистерството за финансииКомисијата за хартии од вредностАгенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Годишен раст од 8,1 проценти на вкупните депозити и од 6,7 проценти на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Вкупните депозити во октомври, на годишна основа, се повисоки за 8,1 проценти, при раст кај двата сектора што е поизразен кај секторот „домаќинства”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Нов глобален предизвик е дигиталната финансиска инклузија

Објавено

на

Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Во услови на потреба од натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која предвидува голем број активности и кооридиниран пристап. Ова го посочи вицегувернерката Ана Митреска во својата презентација на работилницата организирана од германската Шпаркасе фондација за меѓународна соработка, која беше одржана за да го означи почетокот на активностите на оваа фондација во нашата земја во областа на финансиската инклузија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно