Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Програмата за бизнис-лидери: Со поголема транспарентост до поголема ефективност на монетарната политика

Објавено

на

Комуникацијата на централните банки е важна не само поради транспарентноста и одговорноста, туку и за задржување на кредибилитетoт, од кој зависи успешното спроведување на монетарната политика. Колку подобро се разбрани одлуките и мерките, толку економските субјекти ќе се однесуваат на очекуваниот начин и полесно ќе се постигне целта на централните банки, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на предавањето коешто го одржа во рамките на Програмата за бизнис-лидери, организирана од Стопанската комора.

Предавањето коешто го одржа гувернерката Ангеловска-Бежоска беше посветено на начинот на комуникација на централните банки со пошироката јавност, мандатите на централните банки, како и показателите на коишто се заснова процесот на донесување на монетарните одлуки.

Гувернерката истакна дека во современи услови се прошири лепезата на инструменти со коишто централните банки ги остваруваат своите цели, при што комуникацијата со јавноста стана важен дел од инструментариумот на централните банки.

„Битно е јасно да се информира за монетарните одлуки, за причините за нив и за клучните ризици, за да може да се делува врз очекувањата и однесувањето на економските субјекти, а со тоа и врз ефективноста на монетарната политика. Кога се објавуваат одлуките за монетарната политика, се настојува што подобро да се објасни и зошто се донесени, бидејќи е важно да се разбере кои се клучните фактори од кои зависи сегашната и идната монетарна политика. Со подобро разбирање на процесот на носење на монетарните одлуки од страна на пошироката јавност, поефикасно се следат и се оценуваат активностите на монетарната политика“, посочи Ангеловска-Бежоска.

Начинот на комуникацијата на централните банки забележа големи промени, особено во последните десетина години, по глобалната финансиска криза. Покрај поголема транспарентност и отвореност за комуникација, променет е и начинот на кој се изразуваат централните банки во своите обраќања. Во однос на овие промени, особено може да се издвои примерот на Европската централна банка, којашто од почетокот на глобалната финансиска криза наваму, ја насочи својата комуникација кон идната поставеност на монетарната политика.

Народната банка во изминатиот период, вложуваше значајни напори во растот на квантитетот и квалитетот на комуникацијата со јавноста и на тој начин зголемување на транспарентноста и ефективноста на монетарните решенија. Внимание ѝ се посветува исто така и на финансиската едукација, заради подобро објаснување и разбирање на активностите.

Во однос на прашањето за мандатите на централните банки, таа истакна дека во последната декада постои глобален тренд на проширување на мандатите со вклучување повеќе цели, особено финансиската стабилност, проширување на задачите, особено во сферата на финансиската писменост и заштитата на потрошувачи, како и проширување на инструментите на централните банки.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на „Еуромани”: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста

Објавено

на

Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова беше истакнато од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Реобмислување на улогата на централните банки” во рамките на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Објавено

на

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти

Објавено

на

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно