НБРМ
Ангеловска-Бежоска на конференција на Австриската централна банка: Монетарната политика на ЕЦБ има позитивни преносни ефекти врз македонската економија

Монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ) има позитивни преносни ефекти врз македонската економија и воопшто, врз економиите во нашиот регион. Таа овозможува јавниот и приватниот сектор да имаат непречен пристап до финансирање преку меѓународните финансиски пазари. Придонесува и за поголем простор за спроведување олабавена монетарна политика од страна на нашата централна банка, а со тоа и за поповолни домашни услови за финансирање. Ако мерките на ЕЦБ го дадат очекуваниот резултат за поддржување посилно закрепнување на економијата на Европската Унија (ЕУ), имајќи предвид дека таа е наш главен трговски партнер, преку трговскиот канал, тоа исто така ќе има позитивни ефекти за македонската економија.
Ова меѓу другото го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на Конференцијата за европска економска интеграција, којашто традиционално ја организира Австриската централна банка, а годинава се одржува видеотелеконференциски, во соработка со европскиот тинк-тенк специјализиран за економија „Бројгел“. Годинешното издание на Конференцијата беше на тема „Централна, Источна и Југоисточна Европа во ковид-кризата – улогата на ЕУ и глобалните прелевања“, а Ангеловска-Бежоска беше излагач на панел-дискусијата посветена на ефектите од монетарната политика и ставовите на централните банки за актуелната криза, на којашто учествуваа неколку гувернери од ЕУ.
Гувернерката во своето излагање, меѓу другото, посочи дека во текот на оваа криза, иако со забавено темпо, приливот на капитал продолжи, а истовремено каматните стапки во еврозоната и високата ликвидност на меѓународните финансиски пазари поволно влијаеја на трошоците за обезбедување финансиска поддршка за сите економии во регионот.
„На самиот почеток на кризата, меѓународните финансиски пазари брзо ги заострија своите услови, особено за економиите во развој, но по засилената реакција на ЕЦБ и на централните банки на повеќе напредни економии, довербата на инвеститорите се зголеми, пазарите се стабилизираа и каматите се намалија. Во споредба со глобалната финансиска криза, со оглед на сегашните побрзи и посмели реакции на централните банки, заострувањето на условите на финансиските пазари беше помало, а и стабилизацијата на финансиските услови беше побрза. Ова беше особено значајно за нас и за останатите земји во регионот. Затоа и не се соочивме со одлив на капитал, иако има помали приливи.“ – нагласи Ангеловска-Бежоска.
Во рамките на панел-дискусијата, таа се осврна и на други важни прашања – за економските инструменти на ЕУ, за макропрудентните мерки и за очекувањата за инфлациските движења во следниот период.
Ангеловска-Бежоска го искористи учеството на Конференцијата и за размена на мислења со своите колеги од ЕУ за согледувањата за натамошните предизвици за монетарната политика.
Инаку, Конференцијата за европска економска интеграција важи за еден од најзначајните настани во централнобанкарската заедница на коишто традиционално се разгледуваат прашања клучни за европската економија.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје