Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), коишто минатата недела се одржаа во Швајцарија. Двата настани се исклучително важни за развојот на меѓународната соработка во сферата на монетарната политика и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните прашања коишто го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво.

На годинешното, осумнаесетто по ред издание на Годишната конференција на најстарата меѓународна финансиска институција, во петокот, во Цирих, гувернери и други високи претставници на централни банки, експерти од БИС и професори и истражувачи од реномирани високообразовни и истражувачки центри дискутираа за една од најактуелните економски теми во ерата на дигитализацијата – „Дигиталната економија и финансиските иновации“. Притоа, акцентот беше ставен на прашањата за можните придобивки на финансискиот систем од развојот на технологијата, примената на машинското учење во компјутерските системи коишто се користат во централнобанкарското работење, особено во истражувањата и во изготвувањето на статистичките податоци, како и за промените на финансиската интермедијација коишто би ги предизвикале актуелните финансиски иновации. Истовремено подетално се разговараше и за севкупните реални ефекти во економија од примената на иновативните решенија на полето на финансиите.

Во рамките на Конференцијата, Ангеловска-Бежоска размени мислења за овие прашања со повеќе свои колеги од други централни банки, при што се осврна и на веќе преземените и на планираните идни чекори за поттикнување на примената на финансиските иновации и кај нас и за нивното искористување за развој на нашиот финансиски систем и за обезбедување услови за пристап на што поголем дел од населението до него.

Потем, изминатиот викенд, гувернерката на нашата централна банка имаше активно учество на 89. годишно генерално собрание на БИС, коешто традиционално се одржa во Базел. На Собранието учествуваа високи претставници на шеесетте централни банки и други монетарни институции коишто членуваат во БИС и имаат право на глас при носењето одлуки на ваквите собири. Меѓу другото, тие ги разгледаа и ги усвоија најновиот Годишен извештај за работата на БИС и Годишниот економски извештај на БИС за 2019 година. Во усвоениот Економски извештај, меѓу другото, е нагласено дека за создавање посоодветен модел на глобален економски раст, неопходно е воспоставување рамнотежа меѓу монетарната политика, структурните реформи, фискалната политика и макропрудентните мерки, во глобални рамки. Притоа, упатена е и порака дека монетарната политика не може да биде главниот двигател на економскиот раст и дека е потребна проактивност и на другите носители на политики за да се обезбеди одржлив напредок на глобалната економија. Во усвоениот извештај, одделно се наведени и досегашните ефекти од глобалните трговски тензии, како и ризиците за претстојниот период.

На Собранието на БИС на коешто учествуваше Ангеловска-Бежоска беа донесени и неколку одлуки важни за работата на оваа меѓународна институција.

Особено значајно е што по дискусиите на Конференцијата и Собранието, Одборот на БИС го одобри формирањето Центар за иновативни финансиски технологии за централните банки. Овој центар којшто ќе функционира во рамки на БИС ќе им овозможи на централните банки да ја унапредат меѓусебната соработка со цел да ги утврдат релевантните трендови во технологијата и во рамки на својот мандат да ја поддржуваат примената на новите технологии во финансиската сфера, но во исто време, со цел непрекинато да се одржува финансиската стабилност и соодветно да одговорат на предизвиците за нови регулаторни барања, коишто се последователност на финансиските иновации.

Како членка на БИС, нашата централна банка ќе има можност да ги ползува придобивките од работата на Центарот, што ќе биде од голема корист за унапредувањето и модернизацијата на нашиот финансиски систем во дигиталната ера.

Учеството на Ангеловска-Бежоска на 18. годишна конференција и на 89. годишно генерално собрание на БИС е уште една потврда дека нашата централна банка е активен учесник во дебатите и анализите, како и во носењето на дел од одлуките коишто се клучни за монетарната политика и монетарните движења во глобални рамки.

Во текот на двата важни настани, гувернерката оствари и билатерални средби со повеќе свои колеги од централни банки членки на БИС.

НБРМ

Продолжи трендот на месечен раст на кредитите и депозитите

Објавено

на

Според извештајот на Народната банка на Република Северна Македонија во месец јули забележан е пораст на кредитното и депозитното портфолио. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Објавено

на

На 13 август 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“

Објавено

на

Народната банка објави нова информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“, што содржи низа информации за работењето на централната банка и за нејзините основни цели и задачи, како и објаснување по што таа се разликува од другите институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange