НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на ЦЕФ: Со подигнување на капацитетот на институциите во регионот, до раст на продуктивноста и економскиот потенцијал

Емпириските истражувања покажале дека кај земјите со помал доход, јакнењето на институциите има значаен позитивен придонес за поефикасно спроведување на структурните реформи, раст на продуктивноста и за повисок економски раст.
Со оглед на тоа што во последната декада во регионот на ЦЈЕ структурните реформи се одвиваат забавено и доходот и натаму значително заостанува зад доходот во ЕУ, потребно е јакнење на институциите. Оттаму, инвестирањето во вработените и постојаното учење и надградување во рамките на институциите е од особено значење за зголемување на економскиот потенцијал. Ова е дел од излагањето на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Годишната конференција организирана од Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), Љубљана, на тема „Силните институции ги остваруваат своите мандати“.
Според Извештајот на ЕБРД, во изминатиов период во земјите на ЦЈЕ, вклучително и во регионот на Западен Балкан, има напредок речиси во сите структурни сегменти како што се конкуретноста, интегрираноста, отпорноста, и тоа пред сѐ отпорноста на финансиските системи и зелената транзиција, но тој напредок е релативно бавен. Ова е карактеристично особено за периодот на здравствената криза, поради насоченоста на носителите на политиките кон решавањето на итните предизвици за ублажување на ефектите од кризата. Оттаму и нивото на доходот во ЦЈЕ е само 68% од доходот на ЕУ-27, а во регионот на Западен Балкан е само 38%. Во однос на квалитетот на институциите, гувернерката рече дека согласно со индексот за квалитетот на институциите на Светскиот економски форум, нашата земја е над просекот од регионот на Западен Балкан. Сепак, доколку се спореди целиот регион на Западен Балкан со развиените земји се забележува јаз. Во вакви околности, гувернерката ја нагласи потребата за повторно враќање на вниманието кон структурните реформи насочени кон трите долгорочни фактори на економскиот раст – труд, капитал и продуктивност.
На Конференција на ЦЕФ присуствуваа гувернери и министри од регионот на ЦЈЕ, како и претставници на ЕК и други меѓународни институции.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Во рамките на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. (more…)
НБРМ
ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар). (more…)
НБРМ
Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје