Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Виенската иницијатива: Силна финансиска регулатива за натамошно јакнење на финансиската стабилност

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како претставник на шесте земји од Западен Балкан во Одборот на Виенската иницијатива, учествуваше на две панел-дискусии во рамките на Годишната конференција на Виенската иницијатива, којашто годинава се одржа во Хрватска.

„Со оглед на недоволната развиеност на пазарите на капитал во регионот на Западен Балкан, банкарските системи се главниот надворешен извор на финансирање на корпоративниот сектор. Оттаму, солидната кредитна поддршка во текот на пандемијата им помогна на претпријатијата полесно да се справат со ликвидносниот шок со кој се соочија. За да се продолжи со кредитната поддршка на компаниите, што е особено важно кога се намалува фискалната поддршка, неопходно е одржување на  капиталните и ликвидносните капацитети на банкарските системи.“ Ова го истакна гувернерката на првата панел-дискусија посветена на предизвиците на банкарскиот систем, којашто ја водеше г. Франсис Малиг, директор за финансиски систем на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Таа, исто така, истакна дека за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, заедно со Министерството за финансии, ќе се продолжи со зајакнувањето на домашната регулатива  и нејзиното натамошно усогласување со европската. За таа цел е подготвен и новиот Закон за финансиска стабилност, а се работи и на нов Закон за решавање банки и нов Закон за банките.

На втората панел-дискусија, којашто ја водеше потпретседателот на ЕБОР, г. Марк Боуман, којашто беше посветена на предизвиците на монетарните политики во регионот на ЦЕИ, гувернерката истакна дека една од лекциите научени од глобалната економска криза е дека не треба да има прерано повлекување на поддршката за реалниот сектор, бидејќи може да го забави процесот на закрепнување на економијата. Таа истакна дека политиката којашто ќе ја води Народната банка во претстојниот период ќе биде насочена кон поддршка на економскиот раст, имајќи го предвид солидното ниво на девизните резерви и инфлациските движења.

„Сепак, просторот за реакција на макроекономските политики не е неограничен и оттаму, неопходно е да им се посвети поголемо внимание на структурните политики, коишто се клучни за  зголемување на долгорочниот потенцијал за економски раст“, посочи Ангеловска-Бежоска.

На овој форум од висок профил, учествуваат гувернери на централни банки и први луѓе на регулаторни тела,  претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светска банка, како и претставници на најголемите банкарски групации. Виенската иницијатива, инаку, е рамка за задржување на финансиската стабилност на земјите во развој во Европа, формирана како одговор на Светската финансиска криза.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно