Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е гарант за стабилноста на цените и на денарот

Објавено

на

Клучно е што шокот со којшто економиите се соочуваат заради пандемијата на Ковид-19, не е од економски карактер, односно не се должи на порозност на економските фундаменти. Оттука, иако се очекува ефектите од шокот на краток рок да бидат поголеми, тој не би требало позначајно да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите и врз макроекономската стабилност.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Независен.мк“.

Таа нагласува дека во функција на одржување на макроекономската стабилност се низа од мерките што се преземаат од страна на носителите на фискалната и монетарната политикачија ефективност ќе биде еден од важните фактори за справување со предизвиците од корона-кризата.

Гувернерката потсетува дека Народната банка е гарант за стабилноста на цените и на денарот, а дека структурните и регулаторните промени во нашата економијата, во изминатите години придонесоа за подобрување на фундаментите на економијата.

Во изминативе години, кај нас се случуваа структурни промени, видливи особено во структурата на индустриското производство и извозот, коишто ја намалија ранливоста на нашата економија и ги подобрија нејзините фундаменти. Ова придонесе и за речиси континуиран раст на девизните резерви, што е и гаранција за стабилноста на девизниот курс. Исто така, мошне е важно што домашниот банкарски систем е здрав и има потенцијал за обезбедување кредитна поддршка без да се загрози неговата стабилност. Ова е резултат на тоа што во периодот по глобалната финансиска криза од 2008 година, ние ги зајакнавме регулаторните и супервизорските барања, во согласност со зајакнатата европска регулатива, што придонесе за натамошно јакнење на отпорноста на системот. Секако, корона-кризата наметнува потреба од засилено следење и преземање на брзи, ефективни и координирани активности. Во оваа насока неодамна беа зајакнати надлежностите и беше проширен составот на Комитетот за финансиска стабилност во којшто сега учествуваат сите финансиски регулатори.“ – посочува Ангеловска-Бежоска.

Во интервјуто за „Независен.мк“, меѓу другото, гувернерката се осврнува и на достапноста на финансиска поддршка за македонската економија и на мерките коишто се во надлежност на централната банка.

Редовните макроекономски проекции, како што посочува Ангеловска-Бежоска, веќе се во завршна фаза и наскоро ќе бидат презентирани на јавноста.

Целото интервјуто е достапно тука.

НБРМ

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

Објавено

на

На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
(more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем обезбедува солидна поддршка во целиот пандемичен период

Објавено

на

Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Такакредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со тоа што од втората половина од минатата година се забележува поголема поддршка на корпоративниот сектор, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Марили. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“

Објавено

на

Речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40% од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Сепак, 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат да воведат вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во 2021 година забележале раст за 2,7% во споредба со претходната година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно