Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Надворешното опкружување и капиталните инвестиции значајни за закрепнувањето на економијата

Објавено

на

Надворешното опкружување за кое се предвидува постепено закрепнување и реализацијата на капиталните инвестиции во земјава се значајни фактори за закрепнување на македонската економија, смета гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа вечерва во интервју за „Телевизија 24″ посочи дека за македонската економија, како мала и отворена, значајни се меѓународните економски движења, а клучен двигател на нашиот раст ќе биде извозот. Од домашните фактори, според гувернерката, значајна е реализацијата на капиталните инвестиции кои можат да бидат катализатор на многу позитивни промени во економијата.

Гувернерката уште еднаш повтори дека денарот останува стабилен во однос на еврото и дека монетарната стратегија за одржување на стабилноста на домашната валута во однос на еврото е најоптимална за домашната економија.

„Сметаме дека поголема флексибилност во однос на курсот нема да вроди со резултат затоа што ќе има релативно брзи преносни ефекти врз цените и може да има неповолни преносни ефекти врз финансиската стабилност и оттаму цврсто стоиме на тој наш став”, подвлече Ангеловска-Бежоска.

Засега, според Ангеловска-Бежоска, ликвидноста што е вбризгана од страна на централната банка и Министерството за финансии во насока на поддршка на економијата, не прави притисок на девизниот пазар, но доколку има сигнали кои упатуваат на зголемени притисоци на девизниот пазар кои доаѓаат од зголемена денарска ликвидност, тогаш сигурно ќе бидат преземени мерки.

Банкарскиот сектор, како што оцени, е ликвиден и добро ја поминал кризата, а во однос на пропаѓањето на Еуростандард банката рече дека дозволата за работа била одземена откако биле исцрпени сите можности што централната банка ги имала на располагање.

„За било кој гувернер или за централна банка нема потешка одлука од носење на одлука за затворање на банка. Таква одлука се носи откако ќе бидат вложени максимални напори и ќе бидат исцрпени сите можности за поповолно решение за банката особено имајќи ги во предвид интересите на депонентите. Таков беше и овој случај”, истакна Ангеловска-Бежоска.

За кредитите што биле давани во банката, гувернерката рече дека централната банка не одлучува за тие кредити и оти одлуките ги носеле кредитните одбори и надзорниот одбор на банката.

„Деловните банки се приватни институции кои самите одлучуваат за секој поединечен кредит што се дава. Централните банки не даваат кредити, не одлучуваат, ниту пак тие кредити подлежат на согласност од страна на централните банки. Оваа банка беше под засилени контроли и се проверуваше степенот на кој што се изложува на ризик. Одлуките за кредит ги носеле кредитните одбори, а ако износот на кредитот е поголем одлуката ја носел надзорниот одбор. Оттука многу јасно е чија е одговорноста за одобрување и наплата на тие кредити”, рече Ангеловска-Бежоска во интервју за Телевизија 24.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно