НБРМ
Ангеловска-Бежоска – Мојсова-Чепишевска: Културното наследство од македонските пари ќе им биде претставено на странски универзитети

Културното наследство прикажано на македонските банкноти ќе им биде претставено на странските универзитети на коишто се изучува македонистиката. Странските македонисти ќе можат да се запознаат и со најзначајните парични изданија произведувани на територијата на современата македонска држава коишто се дел од најголемата нумизматичка збирка во државата. Во сите странски образовни и научни центри коишто ќе покажат интерес ќе може да се одржат предавања и интерактивни презентации за македонските пари и за културното наследство, од почетокот на претстојната академска година.
Ова беше договорено на состанокот на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, одржан по отворањето на изложбата „В/редности и вредности“ на Музејот на Народната банка.
„Покрај остварувањето на своите основни цели и задачи, Народната банка, повеќе од две децении вложува и во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство. Наша определба е да го претставиме нумизматичкиот музејски материјал од нашата збирка и културното наследство коешто е пресликано на банкнотите и пред странската јавност. Затоа е важно што преку оваа соработка, културното наследство ќе биде претставено и пред новите генерации странски македонисти и слависти.“ – истакна, меѓу другото, гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска.
Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Мојсова-Чепишевска посочи дека во странските образовни и научни центри во коишто се изучува македонистиката има зголемен интерес за македонската култура.
„Затоа, наша цел во следниов период е за сите центри да обезбедиме што повеќе материјали коишто ќе овозможат повеќе културолошки проучувања и поголема запознатост со македонската култура. Со тоа би обезбедиле услови да бидат опфатени повеќе сегменти од македонската култура и во предметните програми. Драго ни е што сега, во годината кога одбележуваме 30 години монетарна самостојност, во рамките на нашата мисија за афирмација и на македонската култура ќе бидат вклучени и македонските пари и културното наследство коешто го претставува Народната банка.“ – нагласи Мојсова-Чепишевска.
На состанокот беше договорено да се обезбедат материјали за културното наследство прикажано на македонските банкноти и за нумизматичкиот музејски материјал од територијата на нашата држава за сите странски универзитети на коишто се изучува македонистиката.
Ангеловска-Бежоска и Мојсова-Чепишевска изразија заемно задоволство од ваквата форма на соработка, напоменувајќи дека со неа се постигнува долгорочен ефект во афирмацијата на македонската култура.
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)
НБРМ
Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. (more…)
НБРМ
Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка