Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарните мерки придонесуваат за солиден раст на кредитната поддршка

Објавено

на

Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за емисијата „Актуелно“ на Македонското радио.

„Во услови на криза, еден од очекуваните ефекти е намалување на кредитната поддршка – заради намалување на побарувачката или воздржаност на банките. Но овој пат, преземените монетарни мерки придонесоа да не дојде до намалување на кредитната поддршка, односно таа да се одржува на многу солидно ниво. На крајот на минатата година, кредитниот раст изнесуваше 6%, а сега, согласно со последните расположливи податоци со август, тој изнесува 8,8%, при што има позитивни трендови и кај кредитирањето на корпоративниот сектор.“ – посочи гувернерката.

Наспроти тоа што на глобалните финансиски пазари, цената на финансирањето се зголеми, како што посочи Ангеловска-Бежоска, кај нас има благ надолен тренд на нивото на каматните стапки на кредитната поддршка. Имајќи ги предвид тековните услови, во претстојниот период не се очекува покачување на цената на кредитите.

„Општо познат факт е дека најважниот фактор за раст на економијата се структурните фактори, меѓутоа сепак, цената на финансирањето и обезбедувањето на финансиска поддршка за разни проекти коишто можат да бидат двигатели на раст може да има многу значаен придонес. Оттука и нашиот фокус е и во текот на оваа криза да нема заострување на финансиските услови и тие да останат поволни.“ – напомена гувернерката.

Во интервјуто, осврнувајќи се на ефектите од ковид-кризата врз македонската економија, таа посочи и на очекувањата за преостанатиот дел од оваа година.

„За третиот квартал сѐ уште нема податоци, но краткорочните економски индикатори што ги следиме упатуваат на поумерен пад на економијата во споредба со вториот квартал. Сепак, неизвесноста е присутна, бидејќи што ќе се случува во економијата зависи и од состојбата со пандемијата и од ефективноста на макроекономските политики – и монетарната и фискалната политика се релаксирачки во овој период, со цел да се компензира негативниот ефект од шокот со којшто се соочуваме од ковид-кризата.“ – истакна Ангеловска-Бежоска.

За одржливи повисоки стапки на економски раст понатаму, како што истакна гувернерката, многу е важно да се продолжи со спроведување на структурните реформи, зашто само така се зголемува долгорочниот потенцијал на економијата.

„Потребно е да се продолжи со структурни реформи коишто влијаат на трите клучни фактори на економски раст – трудот, физичкиот обем на капитал и продуктивноста. Особено е важно да се работи на зголемување на продуктивноста. Доколку расте продуктивноста, со тоа природно се создава простор за раст на платите и повисок животен стандард на граѓаните. Во насока на раст на продуктивноста, потребно е натамошно вложување во квалитетот на институциите, во нови технологии и иновации.“ – порача Ангеловска-Бежоска.

Во завршницата на интервјуто, гувернерката се осврна и на прашањето за сајбер-безбедноста на финансискиот сектор.

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Извршниот директор во ММФ, Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“

Објавено

на

Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Јакнењето на финансиската стабилност е од голема важност за закрепнувањето на македонската економија

Објавено

на

Последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но во голема мера ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Последно расположивите податоци покажуваат значително подобрување на состојбата на економијата, но јасно е дека неизвесноста е особено изразена. Ова е карактеристично за вкупната глобална економија, чие закрепнување се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои е тешко да се предвидат. Оттаму, потребно да се продолжи со постојано следење на состојбите, прилагодување на политиките и преземање навремени мерки. ММФ и натаму, секогаш кога има потреба и простор за тоа ќе испорачува поддршка за економиите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно