Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, денес, во седиштето на Советот на Европската Унија во Брисел учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.

Овој настан секоја година се одржува во рамки на разгледувањето наПрограмата за економски реформи на земјите кандидатки за членство во ЕУ. Тој претставува завршен состанок за годишно оценување на макроекономските политики и структурните приоритети, на кој од една страна учествуваат претставниците на земјите членки на ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка, а од друга страна претставниците од централните банки и надлежните министерства од земјите на Западен Балкан и Турција.

На годинешниот Дијалог ќе бидат презентирани оцените на земјите за исполнувањето на насоките на ЕУ дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи. Се очекува учесниците на настанот да ги усвојат заедничките заклучоци од годинешниот циклус на разгледување на Програмата.

Предвидено е во рамки на настанот да се одржи и тематска дискусија за структурните реформи коишто ќе ги спроведуваат земјите кандидатки за членство во ЕУ, со цел привлекување повеќе странски директни инвестиции и зацврстување на своите економии. Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе има свое обраќање и активно ќе учествува во дискусијата, осврнувајќи се на придонесот на централната банка во овој домен кај нас, како преку одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, така и преку вклученоста во реформите во финансиската сфера.

Во Брисел таа ќе оствари и одделни средби со повеќе свои колеги од Европа, со цел јакнење на меѓународната соработка на Народната банка.

НБРМ

Ќе се печатат нови банкноти од 10 и 500 денари на кои ќе пишува Северна Македонија

Објавено

на

По промената на името во Северна Македонија, очекувано беше во брзо време да добиеме и нови банкноти на кои ќе биде испишан новиот назив на државата. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Објавено

на

Во рамки на 110. седница на Собрание на Република Северна Македонија, на 31 август 2019 година, за вицегувернер на Народната банка беше именуван Фадил Бајрами. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка очекува растот на економијата годинава да достигне 3,5%

Објавено

на

На 10 септември 2019 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange