Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска-Зимер: Новиот Закон за финансиска стабилност – придонес за натамошно јакнење на финансиската стабилност

Објавено

на

Новиот Закон за финансиска стабилност придонесува за натамошно јакнење на финансиската стабилност преку формално воспоставување на Комитет за финансиска стабилност, со кој претседава гувернерот на Народната банка, а има претставници од сите финансиски регулатори. Комитетот е  надлежен за координирано следење на состојбите во финансискиот систем и преземање на активности за спречување или намалување на системските ризици. Народната банка тековно подготвува макропрудентна стратегија со која подетално ќе се утврдат макропрудентните цели, инструментите и показателите за следење на финансиската стабилност, а се очекува истата наскоро да биде донесена од страна на Комитетот. Ова беше истакнато на работна средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот, Фадил Бајрами со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во земјава, Кристофер Зимер и Јордан Дамчевски, сениор – економист во амбасадата.

На средбата, гувернерката истакна дека Народната банка минатата година донела макропрудентна мерка насочена кон натамошно јакнење на капиталната позиција на банкарскиот систем, односно вовела противцикличен заштитен слој на капиталот од 0,5%. На почетокот на оваа година било воведено и дополнително барање за протицикличен заштитен слој на капиталот од 0,25%. Овие мерки ќе придонесат за натамошно одржување на високото ниво на капитализираноста на банкарскиот систем кое тековно изнесува 17,7% и е највисоко во последната декада. Капитализираноста е предуслов за солидна кредитна поддршка за економијата која минатата година оствари раст од 9,4%, при висок раст  на кредитирањето на корпоративниот сектор од 11,5%.

На средбата беше разговарано и за изгледите за растот на македонската економија, пришто беше констатирано дека иако со последните проекции на ММФ се подобрени изгледите за раст на економијата на ЕУ, нашиот најголем трговски партнер, сепак ризиците околу проектираната патека на растот на домашната економија остануваат и ќе зависат главно од надворешното окружување.

На крајот беше изразена заложбата за понатамошно продолжување и продлабочување на соработката.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Објавено

на

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно