Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Стабилизирањето на инфлациските очекувања е приоритет за централните банки

Објавено

на

Централните банки и политиките коишто ги водат тие мора да бидат посветени на среднорочната стабилност на цените. Во услови на висока инфлација и инфлациски очекувања, монетарните власти немаат многу простор да им се посветат на другите цели надвор од нивниот основен мандат, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст за угледниот српски неделник „Нин“.

Таа посочува дека поради големата трговска отвореност на земјите од Западен Балкан, глобалните движења на цените имаат силно влијание врз инфлацијата во регионот, којашто во просек достигна 13,5%. Иако производниот јаз во многу економии во регионот и натаму е негативен, инфлациските очекувања се под влијание на долготрајниот пораст на влезните трошоци, цените на храната и на знаците за преносните ефекти врз останатите цени.

Централните банки ќе мора да управуваат со инфлациските очекувања во сè понеизвесните економски услови, надополнети со геополитичките фактори. Колку подолго има висока инфлација, толку е поголем ризикот во однос на инфлациските очекувања, кредибилитетот на политиките и отворањето на спиралата на платите и цените. Затоа, повеќе од сигурно е дека на глобален план го напуштаме амбиентот на ниски каматни стапки. Големите централни банки коишто ги диктираат условите за глобално финансирање, како ФЕД и ЕЦБ, веќе започнаа со затегнување на монетарната политика, а нивниот пример го следат и другите централни банки. Дел од централните банки во регионот доста агресивно ја затегнуваат монетарната политика, додека друг дел преземаат поумерени чекори. Ова укажува дека настрана од глобалните фактори, спецификите на националните економии ја условуваат поставеноста на монетарната политика. Главниот предизвик е да се избегне премногу проциклична монетарна политика и прекумерни трошоци за реалната економија и на тој начин да се зголемат ризиците за финансиската стабилност. Во оваа неизвесност, еден од најважните столбови на политиката на централните банки е навремената и ефективна комуникација со јавноста“, пишува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката понатаму посочува дека во овој макроекономски контекст многу е важно да се задржи вниманието кон спроведувањето на структурните реформи, коишто се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и зајакнување на отпорноста на економијата. Таа наведува дека голем број од предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот денес се резултат на бавното спроведување на структурните реформи во минатото.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно