Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за МРТ: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

Објавено

на

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија.

„Во услови на проектиран пад на економската активност во оваа година, не се очекуваат инфлациски притисоци предизвикани од страна на побарувачката. Оттаму, централната банка, со априлските проекции, за оваа година проектираше инфлација од околу 0%, а потоа постепен раст на цените кој што би достигнал до 2% на среден рок. Значи зборуваме за умерена, ниска и стабилна инфлација. Ако ги погледнеме остварувањата за првите осум месеци од оваа година, инфлацијата во просек е 0,8%, со позитивен придонес кај цените на храната, а при негативен придонес на цените на енергентите, во услови на голем пад на цените на енергентите на светските берзи, особено на цените на нафтата. Оттука, за оваа, па и за наредната година и на среден рок не би требало да има позначајни инфлациски притисоци.“ – посочи Ангеловска-Бежоска.

Во однос на економската активност, гувернерката истакна дека остварувањата на македонската економија во вториот квартал од оваа година се согласно со очекувањата на Народната банка.

„Многу е битно што ќе се случува понатаму. Не само од здравствен аспект, туку битни се и случувањата кај економиите коишто се трговски партнери на нашата економијата, како и ефективноста на макроекономските политики во ублажувањето на негативните ефекти од ковид-кризата.“ – порача Ангеловска-Бежоска.

 

Инаку, како што кажа таа, октомврискиот циклус на макроекономски проекции штотуку започна и откако ќе биде завршен, Народната банка ќе соопшти и поконкретни видувања и очекувања за претстојниот период.

Во интервјуто, гувернерката се осврна и на пристапот до девизна ликвидност во евра, којшто на Народната банка ѝ е овозможен преку посебен инструмент на Европската централна банка и е исклучително значаен, бидејќи подразбира брз пристап до ликвидност во евра доколку е потребно. Тековно, каматната стапка за користење на средствата овозможени од ЕЦБ е 0%.

„Ова остава простор и за порелаксирана монетарна политика, којашто секако дава значаен придонес во одржување поповолни финансиски услови – монетарна политика којашто помага за кредитна поддршка и за населението, и за компаниите, и овозможува кредитирањето да се остварува под поволни финансиски услови.“ – напомена Ангеловска-Бежоска.

Во услови на солиден раст на депозитите коишто претставуваат главен извор за финансирање на кредитите, како што посочи гувернерката, продолжува трендот и на солиден кредитен раст при поголема фокусираност на банките кон корпоративниот сектор.

„Притоа, нема затегнување на каматните услови, наспроти затегнувањето на странските финансиски пазари – просечната каматна стапка на кредитите, оваа година продолжува да следи умерена надолна траекторија.“ – истакна Ангеловска-Бежоска.

НБРМ

Вицегувернерката Нацевска: Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција

Објавено

на

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатени показатели за оцена на адекватноста водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

Објавено

на

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно