Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за „Глобал капитал“: И дури се справуваме со корона-кризата не треба да заборавиме на структурните реформи со коишто ќе се зголеми долгорочниот потенцијал на економијата

Објавено

на

Во најновото неделно издание на престижниот магазин „Глобал капитал“ е објавен осврт на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за предизвиците од корона-кризата за македонската економија.

Ангеловска-Бежоска најпрво се осврнува на карактеристиките на нашата економија, при што меѓу другото ги посочува подобрувањето на нејзината надворешна позиција во изминатата деценија и растот на девизниот потенцијал, што овозможува сега да се спроведува релаксирана монетарна политика со цел ублажување на ефектите од кризата со којашто се соочуваме. Како особено значаен го издвојува процесот на интеграција во глобалните синџири на производство којшто придонесе за подобрување на извозната база, засилување на странските директни инвестиции во секторот на разменливи добра и постепено намалување на трговскиот дефицит.

Истовремено, гувернерката ја истакнува важноста на постојаното јакнење на стабилноста на банкарскиот систем преку зајакнување на регулаторната и супервизорската рамка, што е од исклучително значење за соодветно да се одговори на актуелниот шок. Во овој контекст, како што е посочува гувернерката, Народната банка овозможи поголема регулаторна флексибилност заради поголема кредитна поддршка на сите оние кои се кредитоспособни, а се погодени од корона-кризата.

Во завршницата на објавата во „Глобал капитал“, Ангеловска-Бежоска порачува дека јасната лекција од корона-кризата е дека и во моменти кога сме фокусирани на „гаснење на пожарот”, не треба да заборавиме на структурните пречки, коишто треба да се отстранат, за да се зголеми долгорочниот потенцијал на економијата, да се намали ранливоста и следствено на тоа да се зголемува просторот на политиките за подобро справување со идни шокови.

„Глобал капитал“ е еден од најреферентните извори на информации за глобалните пазари на капитал. Освртот на гувернерката на Народната банка е објавен во рамки на серијалот текстови на носителите на политики, фокусиран на актуелните предизвици од корона-кризата.  

НБРМ

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

Објавено

на

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Извршниот директор во ММФ, Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“

Објавено

на

Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем. (more…)

Продолжи со читање

Популарно