Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка“: Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, ова е најповолната монетарна стратегија за нашата економија

Објавено

на

Стабилноста на денарот успешно се одржува и за време на тековната економска криза, што се должи на соодветното ниво на девизни резерви со кое располагаме, но и капацитетите на централната банка успешно да го одбрани курсот. Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, валутата на нашиот најзначаен трговски партнер. Ова е најповолната монетарна стратегија за нашата економија, вели во интервју за „Гласот на Америка“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која светсучествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон, САД.

„Ние две и пол децении одржуваме стабилен денар, што јасно покажува дека централната банка има и капацитет, но и соодветни инструменти за одбрана на курсот на денарот. Во поддршка на ова фокусот треба да се стави на нивото на девизни резерви, коишто се клучниот инструмент кој служи како гаранција за одржување на стабилноста на курсот. Тие се одржуваат на високо ниво – во споредба со глобалната финансиска криза 2008-2009 година тие се двојно повисоки, а повисоки се и во однос на претпандемискиот период. Дополнително имаме на располагање и ликвидност од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) во вид на репо-линија којашто ни е ставена на располагање и досега не е искористена, но може да се искористи доколку имаме потреба за тоа“, вели гувернерката.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска зборувајќи за трендот на апрецијација на американскиот долар, кој започна кон крајот на минатата, а забрза годинава, посочи дека има повеќе причини за тоа.

„Попогодени од овие трендови би биле оние економии, коишто се нето-должници во долари, односно имаат поголеми обврски отколку побарувања во долари. Тоа не е случај со македонската економија, бидејќи кај нас учеството на доларите во вкупниот надворешен долг на нашата економија е само околу 8% и тоа е главно кај јавниот сектор. Учеството на доларот во вкупната надворешна трговија, извозот и увозот, исто така е релативно помало, некаде околу 8-9%, додека останатата трговија е во евра, каде постои долгогодишна стабилност кај соодносот денар-евро и оттука тоа не се одразува на тој дел од трговијата“, вели гувернерката.

Во однос на поизразените надолни ризици за глобалната економија, и влијанието врз нашата економија, гувернерката рече дека особено ќе биде важно како со овие шокови ќе се справи Европската Унија, како наш најголем трговски партнер, а која е многу ранлива на енергетската криза. Таа посочи дека во централната банка се работи на новите макроекономски проекции коишто ќе се финализираат следниот месец.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

Објавено

на

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Стандард и Пурс: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Објавено

на

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што  капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Дојче веле“: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава

Објавено

на

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Исто така, мерките коишто ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно