Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска до победниците на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите: Финансиската едукација ќе ви помогне за носење подобри одлуки за иднината

Објавено

на

Придобивките од финансиската писменост се многукратни – од стекнување на добри навики за управувањето со парите до носење на подобри одлуки за вашата иднина. Ова е пораката на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска до најдобро пласираните ученици на овогодинешниот национален натпревар за Европскиот квиз на парите.

Првото место го освоија учениците од училиштето СУГС „Joсип Броз Тито“ – Скопје, Матеја Талеска и Дино Дановиц, додека второ и третопласирани се учениците Теона Митревска и Јани Јеренда од училиштето СЕПУГС „Васил Антевски Дрен” – Скопје, и Марија Вчкова и Стефанија Сарафимова од училиштето СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци. Денеска се одржа традиционалната средба помеѓу најдобро пласираните тимови и организаторите на националниот натпревар, на кој покрај гувернерката присуствуваа и претседателката на Македонска Банкарска асоцијација (МБА) Маја Стевкова-Штериева, заменик-претседателот Тони Стојановски и комисионeрот на Комисијата за хартии од вредност (КХВ) Зоран Колев, како и менторите на учениците, професорката Емилија Величкова, професорката Биљана Ниновска и професорката Јасминка Ризова.

Европскиот квиз на парите има за цел преку натпревар да ги поттикне учениците од основно и средно образование, да ги изградат своите знаења во областа на финансиската едукација. Станува збор за проект за финансиска едукација на Европската банкарска федерација, кој е наменет за ученици од 13 до 15-годишна возраст. Квизот е современа алатка за едукација на младата популација и инспирација за младите уште во рана фаза да научат како да управуваат со личните финансии.

Ангажирањето на Народната банка, во соработка со МБА и КХВ во организацијата на националното натпреварување и подготовката на националниот тим за учество на европското финале е само една од низата активности на институциите во сферата на финансиската едукација и финансиската вклученост спроведени изминатиов период.

Финансиската едукација e еден од начините на коишто Народната банка делува за зголемување на сознанија на населението за предностите од користењето различни финансиски услуги, како и зголемување на свесноста за ризиците, што во крајна линија обезбедува негова поголема вклученост во финансиските текови и олеснет пристап до финансии. Притоа, фокусот на финансиската едукација е на младата популација, како идни учесници во економските активности.

Народната банка спроведува повеќе активности за финансиска едукација. Минатата, 2021 година беа одржани вкупно 102 предавања на кои присуствуваа 6.351 слушател, меѓу кои ученици, студенти и професори, додека беа вклучени 70 различни училишта. Исто така, минатата година беа изработени повеќе едукативни материјали за финансиска едукација, како едукативни презентации, текстови, видеоматеријали и инфографики, наменети како за младите, така и за возрасното население. Во контекст на системскиот пристап за подигање на финансиската писменост во земјава, финансиските регулатори, предводени од Народната банка, минатата година ја усвоија и  ја објавија првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка донесе одлука за воведување макропрудентна мерка за дополнително јакнење на заштитните механизми во банкарскиот систем

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за воведување макропрудентна мерка со која дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем, заради зачувување на неговата отпорност и натамошно јакнење на финансиската стабилност во услови на постепено зголемување на системските  ризици. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Каматните стапки на кредитите во јуни останаа ниски, умерено зголемување кај новопримените депозити

Објавено

на

Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити. (more…)

Продолжи со читање


Популарно