Connect with us

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе биде стабилен

Објавено

на

Девизните резерви коишто се клучниот фактор од којшто зависи стабилноста на денарот во однос на еврото се одржуваат на историски највисоко ниво од 3,6 милијарди евра. Тие се повеќе од двојно повисоки отколку во текот на глобалната финансиска криза во 2008/2009 година, а Народната банка располага и со дополнителни механизми за поддршка на девизните резерви и одржување на стабилноста на домашната валута. Денарот со години е стабилен и ќе биде стабилен и во времето пред нас.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М, коешто им беше посветено на најновите проекции и оцени на Народната банка за состојбите и движењата во македонската економија.

Гувернерката нагласи и дека во текот на секоја криза, заради шпекулации, се отвора прашањето за стабилноста на денарот, но дека од тоа сите имаме штета, пред сѐ граѓаните коишто непотребно би се изложиле на трошоци за конверзија на денари во странска валута. Такви шпекулации имаше и во текот на оваа криза, но наспроти тоа, и податоците за актуелниот период и проекциите за следните години упатуваат на високо и соодветно ниво на девизните резерви, што е гаранција за стабилноста на домашната валута.

„Во 2008 и 2009 година кога се соочивме со глобалната финансиска криза, тогаш нивото на девизните резерви беше речиси половина од тоа што денеска го имаме. Самото по себе покажува дека капацитетот на државата за справување со какви било шокови, вклучително и шпекулации со кои се соочуваме вообичаено во одредени кризни ситуации е огромен за да се справи со вакви предизвици. Девизните резерви се на ниво од околу 3,6 милијарди евра, коешто е повеќе од двојно повисоко од она што го имавме во 2008 година кога тие изнесуваа околу 1,5 милијарди евра. Споредено како процент од бруто домашниот производ, тогаш изнесуваа околу 23% од БДП, а сега се одржуваат на нивото од 30%.“ – истакна Ангеловска-Бежоска.

Таа потсети дека на Народната банка на располагање ѝ се и дополнителни механизми од страна на Европската централна банка – репо-линијата или едноставно кажано, пристапот до девизна ликвидност, доколку имаме потреба од тоа.

„За првпат, оваа репо-линија ни беше обезбедена минатата година. Тоа беше на иницијатива на нашата централна банка, којашто беше поддржана од страна и на другите земји во Западен Балкан и заедно настапивме со барање кон Европската централна банка и навистина се направи голем исчекор во таа насока, токму за поддршка на девизните резерви и на стабилноста на домашната валута. Ние досега немаме користено средства од оваа репо-линија, што е и дополнителна потврда за соодветното и комфорно ниво на девизните резерви.“ – посочи гувернерката.

Во однос на најновите макроекономски проекции на Народната банка, во емисијата се разговараше и за проекцијата за инфлацијата, како и за проекцијата за економскиот раст.

Гувернерката нагласи дека Народната банка очекува дека инфлацијата ќе остане во умерени рамки, што е во согласност и со очекувањата на Меѓународниот монетарен фонд – веќе следната година инфлацијата би забавила, а потоа би се свела на историскиот просек од околу 2%.

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Објавено

на

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање


Популарно